Friday, December 30, 2011

АПЕЛ ДО ПАРИСКАТА МИРОВЕНА КОНФЕРЕНЦИЈА 1919

Македонскиот народ има долга и бурна историја низ која помина секакви премрежја, најтешки предизвици. Постојано се бореле за свое место под сонцето, постојано се бореле за национална слобода, за самостојност. Македонија како да водеше вечна борба меѓу темнината и светлината и која постојано се пренесуваше од една на друга генерација. Секоја генерација се бореше под различни услови и околности, но и со различни судбини.
Безмилосно се спроведувани најразлични методи на уништување на националната свест за самостојност, македонскиот народ не потклекна и не се помири со роувањето. Секогаш се бореше против поробувачите да го сочува својот идентитет, јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна.
Денес треба посебно да го потенцираме тоа што македонскиот народ никогаш немаше претензии за освојување на територии како што тоа го правата нашите соседи. Напротив, секогаш се борел и се бори за да си зачува својот идентите и да го заземе заслуженото место Европа и светот. Јужниот сосед со помош на меѓународните и домашни лоби групи, поддржувачи, направи успешна пропаганда за креирање поинаква слика за нашето историско минато. Се уште се упорни во својата намера да го доуништат државното и национално име и прекројат историјата.

АПЕЛ ДО ПАРИСКАТА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА - 1919 ГОДИНА

До Уредникот на ‘Тајмс‘
Господине - Додека во овие моменти Мировната конференција е окупирана со барање решение за балканските проблеми, два милиони Македонци со страв очекуваат изнаоѓање на задоволувачко решение за македонското прашање.
Се случи еднаш во 1914 година на Балканот, кога искрата светна и целиот свет се запали. Несигурната состојба во Македонија е главна причина за конфликтот меѓу балканските држави. Нашите соседи прават се само да постанат господари на нашата несреќна земја и несреќното македонско население кое е жрва на нивниот антагонизам.Ние не сме воинствено настроени нити сме одговорни за грешките на балканските дипломати кои во минатото си играле со судбината на Македонија.
Затоа ве молиме вас во Мировната конференција да не ги земате во предвид интригите на балканската дипломатија, и да не дозволите поделба на нашата земја.- напротив, бараме поништување на Букурешкиот договор од 1913 година и формирање на независна држава под протекторат на една од Големите сили. Вакво радикално решение би овозможило слободно политичко, економско развивање на сите жители во земјата без разлика на вера, раса, јазик или религија.
Независна Македонија ќе претставува како мост на поврзување помеѓу овие држави и ќе изнајде патишта за основање на Балканска Конфедерација.

Со исполнувањето на принципите на Големите сили на Антантата, ние во Генералниот совет на Македонците во Швајцарија и оние во САД, кои сочинуваме едно организирано тело од 50 000 млади луѓе, заедно со над 250 000 луѓе во Македонија ‘кои исто така се во позиција да слободно ги искажат своите желби на мнозинството граѓани‘, сметаме дека Врховниот суд ќе донесе еднаш конечно решение за македонското прашање. За да се реализира вакво решение, ги испраќаме следниве барања до мировната Конференција:
1. Поради влошената неподнослива состојба во Македонија, бараме итно да испратите трупи од составот на големите сили, со цел да се стави крај на мачењето на нашите браќа и сестри, кои стенкаат под туѓиот јарем. Воедно би се гарантирала и примена на принципот на самоопределување по пат на плебисцит..
2. Да им се овозможи на делегатите на Македонците да дојдат во Париз и да ги изнесат своите желби и барања пред Конференцијата .
3. Да им се дозволи враќање на македонските бегалци распрснати по светот, во своите родни огништа и можност за самоопределување.
Цврсто сме убедени и веруваме во напорите на потписниците во Мировната Конференција, дека ќе спроведат траен мир на блискиот Исток кое би било добродателство за Македонија а ние ќе бидеме вечно во ваша служба.
Генерален Совет на Македонската заедница во Швајцарија.
Професор
Константин Стефанов

На фотографијата се членовите на Конференцијата во Париз (1919), кои го потврдија запишаното во Букурешкиот договор од 1913.

Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment

НЕВЕРОЈАТНИ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е опишана од страна на голем број светски патописци, новинари како земја во која постојано нешто се случува. Се чини дека од секо...