Thursday, December 15, 2011

УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА МИГРАНТ ОД МАКЕДОНИЈА

Australian Macedonian newspaper "Today"




Македонски градоначалник во австралиската општина Витлси




Минатата среда на 7-ми декември, во Општина Витлси се избираше нов градоначалник. Како што прогнозиравме во претходниот број на весникот, Стеван Козмевски ја доби довербата и стана градоначалник на Општината за нареднава година. Истата вечер таму ги сретнавме и Македонскиот Комитет за човекови права, Џејсон Камбовски и Васко Настевски, потоа Сашо Начковски долгогодишен акивист во Лабуристичката партија, Јанко Калинчев од Здружението на децата бегалци и други. Од деветте општински претставнци што беа присутни пет го дадоа гласот за Стеван Козмевски, додека четири гласа доби Крис Павлидис Номинациите беа поднесени по пет минути пауза бидејќи во првата можност за номинација немаше предложено кандидат. Со вториот почеток беше предложен Стивен Козмевски од страна на Рекс Грифин кој беше претходен градоначалник за минатава година. Додека Џон Фрај веданш го номинира Крис Павлидис, како противкандидат. При гласањето, кога Стефан ги доби петте гласа, што е мнозинство, стана јасно дека ќе следува формално довршување на постапката за бтората номинација на Павлидис, која доби четири гласа. Со ова во нареднава година, до 27 октомври 2012 година градоначалник на општината ќе биде нашиот Стеван Козмевски. Во својот краток говор тој се обврза за обезбедување на првокласни сервиси во Општината, која е една од најбрзо растечките во Австралија. Се планира населението во Витлси да се зголеми од сегашните 170 илјади на 250 000 жители до 2012 година. Општината Витлси ги опфаќа мелбурншките населби Томастаун, Лало, Епинг, Мил Парк, Бандура, Саут Моранг и приградските места Мернда, Донибрук, Вудсток Бевериџ, Дорин, Витлси, Хумвејл.
Како што нагласив, во Витлси живеат над 170.000 жители и има годишен буџет од преку 123.8 милиони долари.
Очекуваме Козмевски во својот мандат да биде успешен и за сите нас е гордост што имаме човек кој пристигнал од Македонија и успеал да се афирмира во австралиското општество. Покрај Козмевски во овој момент градоначалник од македонско потекло е и Бил Саравиновски од Рокдаел. Се очекува општината Бримбанк повторно да ја добие својаа можност да создаде општинска управа на наредните општински избори во кои се надеваме дека Трајче Атанасовски или некој друг претставник од заедницаа да се избори за место во самиот врв на општинската администрација. Ние, се разбира ќе ги следиме успесите на сите Македонци во Австралија.
Во оваа општина се наоѓаат две македонски црковни општини: Св Ѓорѓи од Епинг и Св.Петка од Мил Парк. Тука се фудбалскиот клуб Лајлор Слога, КУД Светлост и КУД Танец. Овде имаме единствено основно училиште на македонски јазик во кое се изучува македонски во нормалната настава, паралелно со англискот во Лајлор Прајмари Скул и птоа во средното училиште во Лајлор Норт Секондари и во Епинг Норт КОлеџ. Во оваа општина е и весников што го читате Today/Денес, Битолскиот клуб и многу други организации. Затоа имаме право и да очекуваме нашиот глас да се слуша погласно. Малкумина знаат дека и мери Лалиос која беше два пати градоначалничка на Општината во 2009 и 2010 година, има македонско потекло (од нејзините родители, кои се родени во Грција). Таа е и една од клучните советници која со својот глас го овозможи прекинот на превласта на страната што ја протежираше Крис Павлидис.

Кој е Козмевски?
Козмевски со своите родители стигнал во Австралија на седумгодишна возраст во далечната 1965 година на бродот Галилео. Неговиот татко Атанас е по потекло од Средно Егри а неговата мајка Кристина е од Присојани. Двете места се од битолската околија. Кога пристигнал во Австралија, Стеван живеел со фамилијата во Ричмонд а се преселил во Томастон во 1969 година. Има две деца: Елизабет (24) и Дејвид (20). Првпат е избран а општински претставник пред 14 години, во 1997 година.

Igor Pavlovski
Australian Macedonian newspaper
Thomastown
Australia

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...