Гафови и најсмешни вицеви

Смеа до солзи
Влегува еден човек во психијатриска болница и го прашува директорот на болницата
-на која основа донесувате одлука дали пациенот е нормален или болен?
Директорот му вели
Е па вака, ќе го донесеме пациентот до една када полна со вода, му даваме лајца, чаша и канта и ќе го прашаме како најбрзо може да ја испразни водата од кадата.
Посетителот – Аха , разбирам,,значи ако ја испразнува водата со канта тогаш е нормален.
Директорот – Е не , нормалниот ќе го истрга чепот од кадата и ќе ја пушти водата да истече....
Полага Рамче тест за ловочувар и го прашуваат да наброи пет диви животни,
Рамче вели- лисица, волк и три мечки
Бил Гејтс
Умрел Бил Гејтс и отишол кај Св.Петар кој не знаел дали да го прати во Рајот или во Пеколот.- Били, имаш ти големи заслуги за човештвото, ама тоа ВИНДОС , па плави екрани...Оди види како e на двете места па кај сакаш таму ќе те пратам.Отишол Бил во Рајот - природа, ангели, зеленило...Во Пеколот - журки, голи жени, изобилие...И посакал да оди во Пеколот.После некој ден отишол Св.Петар да го посети, а Бил на ражен го печат ѓаволите.- Добро бе Св.Петре првпат кога бев тука не беше вака!- Е па тоа беше ДЕМО СНИМКА
Следуваат Спортски ненамерни грешки
Ивко Панговски:
- Гол...гол...гол...гол...не е гол...дали е гол?
Горан Милковски:
- Руската одбрана e бавна, што значи дека автоматски е и спора.
Атанас Костовски:
-Игрите што завршија (Сиднеј 2000) не уверија дека Земјата е тркалезна.

Ирена Андреевска:
- Ова е, би рекла, црно финале на Ролан Гарос (за сестрите Вилијамс)
Горан Стерјов:
- Нигерија веќе е елиминирана. Не знам што чека. Можеби го чека Мајкл Овен.
- Навивачите на Англија насекаде ја следат својата репрезентација па макар било тоа и на крајот на светот.
Златко Калински:
- И дождот паѓа и навивачите свират, тоа дава асоцијација на песната Singing in the rain.
- Тројка на Галис!!! Ми делува некако поспано.
- Драги гледачи, на градскиот стадион во Скопје 15, 20 а можеби и 60 илјади гледачи.
- Јужна Кореја-САД. Натпреварот го следат 60014 гледачи.
- Франција полека го гради резултатот (во втора минута од продолжение, при резултат 0:0).
- Неговата одбрана беше феноменална. Па тоа се граничи со совршен рефлекс.- Голманот како да ги спушти ролетните на својот гол во овие моменти.

Јанко:
- Драги слушатели, денеска имаме еден африкански дуел (за натпреварот Камерун - Саудиска Арабија)
Зоран Михајлов:
- Се е во знакот на бројот еден. Една минута до крајот, 1:0 на семафорот...
- Судијата вечерва ќе има тешка задача затоа што ќе мора да најде сили да раздвои ни помалку ни повеќе туку точно 219 килограми ( за бокс мечот Тајсон - Луис)
- Еве го Ривалдо го напушта теренот, на маицата му пишува АДИОС. Адиос на шпански значи збогум, им вели збогум на навивачите (инаку, на маицата на Ривалдо пишува АДИДАС)
- Еве го американскиот дрим тим. Можеби не е дрим ама е тим.
- Погледнете го овој сендвич од човечки фудбалери.
- Зидан се најде во сендвич од двајца противнички фудбалери. Да го погледнеме овој хамбургер уште еднаш.
- Еве сега Белгијците си дадоа автогол. Ова беше прекрасен гол.
- Карл Луис трча во четвртата патека, а најлесно ќе го познаете по дресот во оранж боја.- Нашиот Аце Русевски е во црвените гаќички (противникот му е од Руанда).
Зоран Поповски:- Погледнете го Шекил Онил висок е 218 cм а тежок 120 кг. Вистинска грдосија.
Зоран Видевски:
- Ова не е за 2 минути исклучување. Ова е за 2 години затвор!
Љубомир Николовски:
- Драфтот ќе биде запамтен по тоа што како прв пик ќе биде избран еден европски кошаркар. Тоа е 227 см високиот Кинез....
- Витни Хјустон на влез кон кошот ( за Крис Витни од Вашингтон Визардс)
Сител:
- Многу бавно помина оваа забавена снимка.

Звонко Михајловски:
- Драган Ќириќ, играч со долга коса но со големи можности!- Колега, може ли мало ремизе на натпреварот?- А потоа, кадравиот гаучо тргна по кривиот пат на кокаинските ноќи.- Крилото никогаш не паѓа далеку од бекот.- Сите минуси на господинот Целзиус не можеа да го расипат натпреварот.- Чуден начин на додавање - силно и никому!- Најдовски скокна одлично, но преку пречката.- Го задоволи тренерот и затоа сега игра.- Каков удар! Го подели воздухот на водорот и кислород!- Топката прелета паралелно со Ибарската магистрала.- Ова беше поголема опасност за авионите од типот Авакс отколку за голот на Пандуровиќ.- Преполн стадион на Партизан, 50000 луѓе. Замислете, тоа се 100 000 дланки!
Добросав Гајиќ:
- Зоран Савиќ имаше мала непријатност овие денови. Умре мајка му.- Американските кошаркари се високи 2 и повеќе метри.- Тие се состанаа на кратки, едномесечни и триесетдневни припреми.

Милојко Пантиќ:
- Овој судија е познат по тоа што дели картони како новогодишни конфети.- За овој натпревар продадени се 30.000 гледачи.
Душко Кораќ:
- Сега ќе ја слушнеме американската фирма. Наместо химна- Ова е Кели Ериксон, малата Швеѓанка што скока во вис. А ова е нејзината мајка, мама Марија која секаде ја следи својата ќеркичка и не ја испушта од вид.
- Човекот кој сега го гледате е Џон Година, фрлач на кладиво. Него не му требаат мама и тато.- Судијата изгледа стави прокурин во очите и сега многу подобро гледа.

Comments