Subscribe:

Labels

Sunday, December 18, 2011

ГАТАНКИ - MACEDONIAN RIDDLES

Најдрагоцените обележја на македонската нација, името и јазикот секогаш треба да се гледаат како нешто во кое секој Македонец треба да инвестира. Тие се нешто најсвето и највредно, нешто за кое нашите претци животот го дале и го зачувале и кога им беше најтешко. Не е доволно само да го поседуваш богаството , уште поважно е да се негува, и зачува за наредните генерации. Без јазик сме никој и ништо и како што вели Крсте П. Мисирков ‘ Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право.Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е! Гатанките се дел од македонското богато народно творештво. Кога нашиот народ немал услови да печати книги на свој јазик, и кога морале да зборуваат на јазик наметнат од окупаторите, поробувачите, ги создале гатанките како еден вид разонода но и натпревар на итрост. Самиот збор гатанка значи гледање во минатото, претскажување на иднината, откривање на нешто непознато. Проверете го вашето знаење и вие со следниве гатанки:

Пуштен Петко, сегде свраќа, но никогаш дома не се враќа - Глас
Ти го гледаш со два жара, тој со сонце што те шара. ден
На два извора бистри, сјајни, две пијавици, ко две тајни. Веѓи
На падобран личи, падобран не е, под него стоиме дожд кога лее. Чадор
Тешка глава со рогови, јаде сено од стогови. Вол
Дрвена е, слепа е, глува е, но знае љубоморно тајни да чува. Клупа

Куќа и е водата, живот и е – слободата. Риба
Долго тело, тенка става, во стеблото јарбол права. Трска
Платно пере, рѓа мие, безбојна е, и се пие. Вода
Ти го тепаш од две страни, тој на веселба те кани. Тапан
Живолинка, ѓаволинка, низ простори шетка, во летните вечери со фенерче светка.
Светулка
Нема ранец, ниту пушка, а ловец е, траги душка. Ловечко куче
И снег кога снежи, и ветер кога дува, тој куќата и децата верно ни ги чува. Куче
Ко рипки се гонат, по покриви ѕвонат, по патишта лазат, по полиња газат - Дождовни капки
На сина полјанка, светулки се ројат. Ѕвезди
Песот црвен, овците бели. Јазик и заби
На главата брада, на телото опашка. Праз

Има глава црвена, тело, снага дрвена, во кутија домува, за пожари сонува
ќибрит

Сам од место не се дели, со два зрака, време мери. Часовник
Гола е и во лето и во зима, струја пие, вжарен поглед има. Светилка (ламба)
Од земјата не се двои, се на исто место стои, во неа се јаде, пие, се одмара и се спие. Куќа
26. Две тркала има, и две рачки коси, ако го јавнеш на грб, како коњ те носи.
велосипед
Како пес е црвен, насит нема, со јазикот сешто зема. Пожар
Спојува две страни, зближува два света, на него се стои, по него се шета. Мост
Во земјата врие, ждрига, над земјата оган фрла. Вулкан
Нема куќа, нема стан, погласен е и од бран. ветер


Гордана Димовска


Photo image by: Petar Luka

No comments:

Post a Comment