Sunday, January 1, 2012

ГАТАНКИ

Долга црна врвица, како река тече, житни зрна собира, низ поле ги влече. мрава
За него има ваква ука: нов копај во стариот не плукај, што е тоа? Бунар
Не е стрина, не е тетка, со фенерче ноќе светка. Светулка
Како рудар в темнина везден копа и рие, штом ја сети светлината, в земја се крие. Тешка глава со рогови, јаде сено од стогови. вол Една пештера полна со ученичиња и во средина црвен прч лежи. - јазик
Жена не е, а пак ткае, жици фрла несукани и со раце и со нозе. Пајак
Мало грненце, слатко варилце.лешник-
Ни предено, ни ткаено и пак е платно копринено. Пајажина
Трудна жена, оро игра Вретено
Направен е тој од дрво, срце црно, врвот му е трн, а патот по кој мине често му е црн Молив
Колку е повалкана се повеќе е бела, кога ќе ја избришеш во црно е цела Табла
Пие вода ненаситно, стисни го, задави го, веднаш ќе ја врати Сунѓер
Бела ливада со црно цвеќе, кој ќе ја бере ќе биде среќен Книга
Од земјата не се двои, се на исто место стои, во неа се јаде, пие, се одмора и се спие Куќа
Некаде во облаците му се конаците, ќе смисли ѓаволија и ќе се спушти на земјата како бела јамболија, и лежи така се држи, дур сонцето не го спржи Снег
Плови како лаѓа, ама не е лаѓа, на исток се раѓа а на запад паѓа. Месечина
На кутија личи, а кутија не е, своја уста нема, со туѓите пее. Радио
Крила има, птица не е, како птица лета, дење ноќе може низ облаци да шета. Авион
Бел е ама лебед не е, сече води и чад вие, кога в бескрај магла фати, в шир морска ќе се скрие. Брод
Преку река поминува, а во вода не стапнува. Нема тука ништо-нешто, пренесува се и сешто Мост

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...