За Света Петка

Света Петка
Заспала света Недеља На света Петка скутои; Света Петка ја будеше: „Стани ми света Недеља, Сега се соно не спие. Рано ми рано станува, До два празници кажува, Светни ми цркви отворат, Ангел от небо слегуват, Ристосово лице омиват, Закони по земја кажуват, За да веруват Рисјани.” Кога недеља разсони, Дробни ми с'лзи порони По свои светни образи; Света недеља прикажи: „Сестро ми света и Петка! Малко ми дремка фатила, Да чудим сонок сонвала! Стред море дрво израстло Израстло дрво високо, Вр небо дрво крепеше, Да под дрвото две лиcќa, Два листа били широки, Свата је земја покриват. Тие не биле два листа, Туку си били две книги, Што и пеет попови, Да заверуват Рисјани, Да си држет празници, Светаа Петка, Недеља 
 Од зборникот на браќата Миладиновци 

Comments