МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што не опкружува.
Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука.

Кој сее добрина – жнее добрина.
Гатала бабата да нема мраз, а изутрината снег до колена.
Водата спие, душманот не спие.
Види го прво дрвото, та после седни под него.
Едно кројат глувците, а друго крои мачорот.
Кој рано рани две среќи граби.
Она што не го сакаш за себе не го мисли на друг.
Гостинот и рибата третиот ден, смрдат.
Магарето на магарето му е подобро од арапскиот коњ.
Поубава е чучулигата во рацете отколку тетребот на дрвото.
Подобро е никогаш да не се почне отколку никогаш да не се заврши.
Помеѓу зборовите и делата, долг е патот.
Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната.
Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци.
Вистината е посјајна од сонцето.
Чесната смрт сиот живот ќе го прослави.
Здравјето е најголемо богатство на човекот.
Ништо не користи да се трча – треба навреме да се тргне.
Мелницата не меле со водата која веќе истекла.
Орелот се вие во височината, а на свињата местото и е на буништето.
Ново сито на клин виси.
Лозјето не бара молитва, бара мотика.
Секоја страна на тревата има своја капка роса.
Пријателот во неволја вреди злато.
Пријателот во невоља се познава.

Мacedonian timeline
Gordana Dimovska

Comments