Subscribe:

Labels

Sunday, January 1, 2012

Maкедонска новогодишна традиција и празнувања во Мелбурн

Маcedonian New year's traditions and celebrations in Melbourne
Еден од најстарите и највозбудливите празнувања во светот е Новата година. Не постои народ во минатото или сегашноста кој не ја прославува Новата година. Исто така, не постои друг празник во светот кој се слави на многу различни датуми и со многу разни обичаи и традиции. Познато е дека за првпат ова празнување започнало во Вавилон – Месопотанија, и датира 2000 години пред раѓањето на Исус Христос. Со многу интересни обичаи и традиции, нациите во светот го одбележуваат преодот од стара во Нова година. Така на пример, Ирците имаат традиција да ја предвидуваат политичката иднина на земјата според тоа на која страна дува ветерот полноќта за нова година,Австрија прославува со одржување на виенскиот концерт, огномети а интересно е тоа што во Јапонија се поминува цела недела во подготовки за пречекување на новата година. Куќата мора темелно да се исчисти, за злите и нечисти духови да не можат да се задржат во неа. Сите долгови мора да се платат. И најважно од се, сите несогласувања мора да се разрешат и простат. За афроамериканците, новата година е од особено значење, и често се нарекува „Ден на еманципацијата“. На 1- ви јануари 1863 година со прокламација биле ослободени сите робови.
Австралија е земја на стотици етнички групи кои се прифатени и признати како посебни и на кои австралиското општество им дозволува да ја манифестираат својата традиција и култура затоа што само на тој начин тие би допринеле многу повеќе за мултиетничка толеранција, разбирање и почит. Петтиот континент е парче место каде и илјадници Македонци оформија нов дом. Заедно со сите други етнички групи, Македонците се придружуваат кон прославување на Новата година на 31 декември. Најчесто прославуваат во македонски ресторани, туристички комплекси, плоштадите во главните градови или своите домови.Без разлика на еуфоријата од новогодишната атмосфера, сепак е време кога се потсетуваме на своите родни огништа, зимскиот амбиент, прекрасните обичаи, љубовта, топлината меѓу најблиските. Тоа е нешто кое не може ни една светска метропола да го надомести. Една причина повеќе да бидеме ‘поблиску‘ до Македонија е да ги пренесеме нашите обичаи и вековна традиција во земјите каде моментно живееме. Па така на некој начин славиме по двата календари. Посебно значење му се придава секако на Раѓањето Христово – Божиќ во сите православни цркви на 7-ми јануари како и Православна Нова Година на 13 јануари.
За тоа се грижи нашата Македонска православна црква како наш духовен водач како и голем број на македонски пензионерски групи, социјални здруженија, организации, Дневните весници на Македонски јазик секогаш ги поддржуваат и промовираат активностите во Македонската заедница.Многубројните радио станици емитуваат програми на македонски, училиштата каде се изучува македонскиот јазик исто ги запознаваат учениците од македонско потекло со дел од нашите празнувања, обичаи, традиција. На тој начин го зачувуваат јазикот,развиваат патриотоското чувство,љубовта и контактите со родната Македонија. Заложбите на сите се исти – да се зајакне статусот на македонското иселеништво во земјата во која живеат, да завладее едно исто чувство за континуирана борба за зачувување на македонските национални вредности, вековното име Македонија, македонскиот јазик, македонскиот посебен иденитет.
Среќна нова 2012 година до сите Македонци во родната Македонија, до сите Македонци – иселеници без разлика каде се наоѓаат во светот. Честитки и до редакцијата на Македонска нација и уште поголеми успеси во новата 2012 година. Единствено место каде се застапени прилози и од македонските иселеници кои на еден начин не поврзуваат во нашите цели и грижа за татковината.
Гордана Димовска
Thousands of Macedonians today live in Australia. Together with many other ethnic groups they celebrate the universal and happiest day of the year, New Year on 31 December. On this most celebrated holiday in the world, Australian Macedonians normally go in a restaurants, tourist complexes, city square in capital cities or at home. New year's day is one more reason to bring up memories from the homeland, when they used to celebrate in winter with plenty of snow, with many different customes and tradition. Because Macedonians use different calendar called Julian calendar which is different from the Gregorian calendar used in most of the western countries. According to Julian calendar, Macedonians celebrate New Year on the 14 of January. On that day, they attend special New year's litirgy in the Orthodox churches. In the evening is the most interesting part of this holiday. They gather all together in the closest community places, organise traditional dances, joyous entertainment, and most importantly they lit small fire outdoor which symbolises the start of the new year. The holiday is interesting as it combines secular traditions of bringing in the New Year with the Christian Orthodox Christmast customs, such as colede.

No comments:

Post a Comment