Македонија - место за културен натпревар на народите

Љупчо Јузмески - добитник на наградата ‘Најдобар промотор на Македонија‘во категоријата туризам, извоз и претприемништво.Како што веќе е познато,според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за“Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчевски во категоријата уметност и наука, Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја , и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање.
Наградени или не, Македонците во земјата и надвор од неа,секој на свој начин се стреми да ја промовира својата земја во најдобро можно светло.Сликата на една земја игра голема улога во воспоставување и зајакнување на меѓудржавни односи. Тргнувајќи од таму, промоцијата на секоја земја игра исклучителна улога за развојот на економијата, привлекување странски инвестиции, почит кон културата, јазикот, историјата на една земја со што полесно се ‘чита личната карта на една земја‘ и таа се вбројува во семејството на потенцијални земји за соработка на секое поле. Во разговор со, Г-динот Љупчо Јузмески дознаваме дека ова признание е од големо значење за него и дека го доживува како заслужна награда за огромниот напор што го вложува за промоција на туризмот во Македонија. Како и секој наш Македонец кој вистински се бори да ја претстави својата земја во најдобро светло така и Јузмески се радува на неговите досегашни достигнувања и чувствува дека оваа награда како да и припаѓа на цела Македонија. Посебно го радува фактот што странските туристи си одат од Македонија со најубави впечатоци и импресионирани од природните убавини и македонската историја. И понатаму ќе се залага за што поголемо промовориање на градот Охрид и Македонија како туристичка атрактивна земја. За негово големо достигнување го смета и организирањето и успешноста на Интернационалниот фолклорен фестивал ‘Разиграно оро‘ во Охрид. Овој фестивал на уникатен начин го презентира фолклорот на голем број земји од светот и несомнено со тоа прераснува во вистинско културно раздвижување. Со учество на над 3500 учесници од 20 земји од земјата и светот ги срушија сите рекорди на Балканот што докажува дека Охрид зазема посебно место во културниот развој на Македонија а посебно во промоција на туристичките атракции и фолклорот.
‘Кога над 3500 учесници на фестивалот едногласно ги пееја легендарните македонски песни Билјана платно белеше, ЈованоЈованке, срцата ни затреперија, здивот ни запре, а очите наполнија со солзи. Е тогаш се сетив на мотото на нашиот истакнат револуционер Гоце Делчев ‘Јас светот го разбирам како културен напредок на народите‘ изјави Љупчо Јузмески. Тоа Охрид веќе го докажува.Охрид е најпривлечна туристичка атракција со неприкосновена природна убавина и пребогато духовно и културно наследство.
Гордана Димовска

Comments