ПИСМО ДО ГОСПОДА

Сиромавиот Спасе поради големата сиромаштија, му испратил на дедо Господ едно писмо. Во писмото напишал дека бил многу сиромав и го замолил да му испрати барем петстотини долари. Кога писмото стигнало во поштата, поштарите почнале да се чудат оти писмото било испратено до Господ. Го викнале шефот на поштата за да го прашаат што да прават со писмото. Шефот го видел писмото и им рекол на поштарите:
- Ја отворете го да видиме што пишува. Поштарите го отвориле и го прочитале писмото. Виделе како сиромавиот на господ му се моли, да му испрати барем петстотини долари. - Кога го слушнал шефорт тоа си рекол: Овој мора да е ептен сиромав човек. Тогаш им се обратил на поштарите.- Па ајде, бидејќи дотаму дошол и на господа му се моли, ставете триста долари во писмото и вратете му го на сиромавиот. По некој ден Спасе го добил писмото. Кога видел само триста долари, тој повторно му испратил писмо на господ и во него напишал:
Дедо Господе, друг пат немој да ми праќаш пари по пошта, оти тие ми ги крадат. Ти ми испрати петстотини долари, а тие ми дадоа само триста. И така Спасе сиромавиот, како што бил сиромав за пари, така бил сиромав и за ум.
Македонска народна приказна

Comments