Subscribe:

Labels

Sunday, April 1, 2012

ПО ЕДЕН ВЕК, ПОВТОРНО СО ТИТАНИК

Потонувањето на најголемиот и најлуксузниот патнички брод  ‘Титаник‘ е една од најголемите драми на 20-тиот век и мистерија која ги прогонува научниците и историчарите речиси сто години
Пред  повеќе од еден век, Ирецот Кирил Кjугли бил сведок на лансирањето на најголемиот и најлуксузниот патнички брод, Титаник. Денес, тој има 105 години, и повторно се наоѓа на истото место од каде го следел првото отпловување. Но овојпат тој е  сведок на отворање на најголемата светска туристичка атракција Титаник-Белфаст. Шесткатниот туристички центар во Белфаст, Ирска е отворен само неколку недели пред 100годишнината од потонувањето на Титаник.Се очекува посета од 400 000 посетители во првата година а веќе биле распродадени 100 000 влезници.



Според Кирил Кjугли, овој атрактивен објект наликува на Оперската куќа во Сиднеј. Титаник-Белфаст содржи девет галерии од кои секоја раскажува посебна приказна за трагедијата на Титаник.


Кога родителите го однеле да го следи отпловувањето на Титаник во близина на бродоградилиштето во Белфаст, Кирил имал само 4 години. Тогаш тој го гледал тоа како  огромен куп од метал кој се лизга во водата. Денес пензиониран книговодител, тој оваа атракција ја оценува како нешто фантастично и импресивно.
Уште едена причина повеќе туристите да ја посетата Северна Ирска. Според официјалните лица, овој проект отвора нова ера во оваа провинција, можност да се види нешто што една генерација пред 100 години постигнала туку и тоа што може да постигне денес, во услови на мир и стабилност.

Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment