МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ

За да се побијат грчките искривени ‘факти‘ дека древните Македонци биле Грци, голем број научници излегуваат со свои научни трудови и го докажуваат спротивното.
Најголемиот познавач на античката историја, Д-р Јуџин Борза пишува:
Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина.
'Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север'.Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори.
Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели.
Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас.
Во својата статија 'Едно свинче-патешественик', овој грчки археолог, пишува:
'Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден).
Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци.
Одговорот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праисторискиот период. Македонски извори не се зачувани.
Францускиот научник Виктор Берар (1864-1931) во
изданието 'La Revue de Paris',напишал:
'До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците.
Тие за нас беа Тракијци, Пеони, Склавини, див или речиси митски народ, кој живее на дното од, за нас, непознатата земја. Ние не ги познававме и ги омаловажувавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци.'
Денес постојат доволно докази кои докажуваат дека древните Ма­ке­донци никако не можеле да бидат Грци, затоа што имале различно етноге­нетско потекло од нив.






Gordana Dimovska

Comments