Sunday, April 15, 2012

ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ


Почина на 13 април, 2012 година во својата  77 година, почина истакнатиот македонски писател, Ташко Георгиевски

Може ли да се избрише минатото на еден народ? Во секоја една нишка, а не пак народ, зад себе го има вековното паметење и во тоа паметење го има него, се има себеси (единката или народот) - вo сеќавањата, изјави Ташко Георгиевски. До кога, ќе мораме да го докажуваме нашето име, презиме и идентитет?ДОСТА Е, ДОСТА... Но, и покрај тоа НИЕ ќе истраеме ние сме народ кој до последен здив на своето живо тело ќе се бориме, ние ќе успееме да го докажиме кога тогаш нашиот идентитет, но, сепак никогаш нема да дозволиме ТИЕ да си играат со мојот, твојот, неговиот, нивните, заедничките човечки идентитети.
„Црно семе“, роман во кој е прикажан прикриениот крик на човекот, устата се отвора ама збор не излегува, безгласен. Тој човек е лишен од својата земја, од својата култура, националност, ова е дело на поматен мозок, а како резултат на тоа цела една нација се преобразува во безлично суштество кое не е човечко кое во себе ’рти црно семе, семе на бездомност и безименост, кој не знае за ништо друго освен за свет на страдања и мрак, во туѓина.
Монструмозни и бескурполозни тортури, извршувани од страна на манијачки садисти (офицери, подофицери и војници) кон лицата кои не сакале да потпишат едно признание во кое се согласуваат дека се откажуваат од нациналниот идентитет, ги носат на пуст егејски остров или подобро да речам ПЕКОЛНО МАЧИЛИШТЕ за да ги преобратат во лојални поданици на кралот и Грција.
Кој ќе излезе победник, кој ќе стане предавник? Дали предавникот ќе сфати дека не ја предал само земјата, туку и самиот себе си? Дали предавството е исто како и насилството? Кој ќе оди потоа со крената глава, кој со спуштена, секако доколку живи останат....
Биографија

Ташко Георгиевски (роден на 15 март 1935 година во с. Кронцелево, Воденско) е македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист по потекло од Егејска Македонија. Член е на МАНУод 1983 година.
Георгиевски студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.Ние зад насипот“ (раскази, 1957) Неговото творештво опфаќа голем број на објавени дела, меѓу кои:„Луѓе и волци“ (роман, 1960)„Ѕидови“ (роман, 1962)„Суви ветрови“ (раскази, 1964)„Црно семе“ (роман, 1966)„Змиски ветар“ (роман, 1969)„Црвениот коњ“ (роман, 1975)„Куќа под калето“ (раскази, 1978)„Време на молчење“ (роман, 1978)„Рамна земја“ (роман, 1981)Црно семе / Црвениот коњ / Жолтиот трендафил (филмски сценарија, 1997)
Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...