Вредноста на сочуваното писмо од Наполеон Бонапарта

Наполеон Бонапарта беше француски Император од  1804 to 1815 година.Тој е  основоположник на многу реформи на Француската Револуција и еден од најголемите воени гении во 19 век. Секогаш се стремел да го подобри животот на народот и при освојувањето на нови територии  воведувал  Устав и закон тоа и им го ветувал – поголема слобода и подобар живот.
И ден денес причината за неговаа смрт е оспорувана и контраверзна. Франческо Анотомарки, докторот на Наполеон, како причина за смртта на Наполеон наведува рак  на стомакот. Во 1955, во дневникот на Луис Мархенд, во значајна улога се појавува собарот на Наполеон. Неговите описи за Наполеон неколку месеци неговата смрт, остави многу заклучоци, но најмногу забележливите Стен Форшвуд и Бен Вајдер заклучиле дека тој е убиен со труење од арсен. Деновиве излезе во јавноста едно негово писмо кое го пратил на 9 март,1816 година  до неговиот учител за да го корегира. Писмото било запечатено со царски печат а во истото било испратен и привезок  со неговиот лик. Тоа е едно од трите сочувани писма на англиски јазик, напишани од Наполеон Бонапарта. Писмото беше  ставено на аукција во местото наречено Chateau of Fontainebleau , јужно од Париз. Цената на ова писмо освен што ја потврди неговата голема историска вредност, истовремено е и редок доказ дека тој го учел англискиот јазик во подоцнежни години.Имено, писмото го пишувал како заробеник од страна на Британците на напуштениот остров Света Елена. Се претпоставува дека ова е едно од последните ракописи на англиски јазик зачувано од тој период  и пред неговата смрт. Како затвореник на островот имал доволно време да учи англиски јазик, да размислува за неговиот живот, неговите кампањи, незадовоства  и каење. Наполеон починал на  островот на 5 мај 1821 година, на 52 годишна возраст.
Gordana Dimovska

Comments