АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - ВОИН, ВОДАЧ И УЧИТЕЛ

Пишува:Ванѓелко Лозаноски
Тhe Macedonian Empire built by Alexander the Great is the one of the greatest empires ever built by man!
Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.”Аристотел овозможил да Александар стане: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа. А Аристотел несомнено прераснал  во генијален филозоф, со научна мислаВо малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. На часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се надоврзале со поезијата, ораторство, географија, историја. геометрија, астрономија, реторика и еристика.

Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон делата на античките поети и писатели. Александар посебно бил водушевен од „Илијада и Одисеја од Хомер. Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, може да се препише и неговото големо интересирање за природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.

Александар во Статира, на помладите ученици од военото училиште им бил учител, во права смисла на зборот. Тоа му го овозможувало неговото стекнато образование, познавањето на низа науки и медицината, бил и лекар ( на својот татко). Бил назначен и одреден за преговори со странски дипломатски екипи, кога кралот Филип не бил во дворот.. Љубовта кон филозофијата, заљубеник во книгите, неоделив од "Илијадата". Неговите филозофски- изрази и реченици, ораторските способности, мудрите одлуки, лаконскиот одговор, зборува за неговите учителски способности.
Тој бил поучен, поголем филозоф, оратор од сите негови филозофи, политичари, оратори кои биле во неговата фаланга. Воените вештини биле испомешани со неговата виталност, храброст, мудрост и одлучност. Александар во секое време знаел како да одговори на поставените задачи пред него. Младоста, неговото неискуство од животот го црпел од книгите и затоа "Илијадата" е секогаш крај него, како венчален прстен.
Неговите писма, неговите говори, беседи и команди биле со силата на зборот и неговата магија.
 Александар кога држел часови, училниците биле претесни, кога држел предавање биле претесни предавалните, кога држел говори амфитатрите биле исполнети до последно место. Тој бил многу повозрасен од своите врсници, па затоа можел да командува и со многу повозрасни од повозрасните.
Воениот тим за големиот поход за Азија и Африка во тоа време фантазија и сон, беше од најдобриот кадар од Македонија. Комуникацијата во тој тим секогаш беше на македонски јазик, писмена или усна. Командата исто така беше на македонски јазик.
 Александар колку беше подалеку од својот учител, толку подлабоко навлегуваше во литературата, филозофијата. И тој стана повеќе од учител, не само за воените вештини, туку и за филозофијата, ораторството, политиката, литературата и културата. Прерасна во учител меѓу неговите војници. Тоа силно се одрази и во воениот поход кон Азија и Африка, во преписките со Аритотел и со копнежот да ги разлиста филзофите, поетските дела, не само на Хомер, туку на низа македонски и грчки автори. "Илијадата" беше негов опоен сон и ја носеше во омиленото ковчеже до каде ќе стигнеше. И кога го градеше градот Александрија, и кога птиците му го избришаа планот, и во тие мигови се однесуваше како воин, оратор, учител и државник. Затоа светот му се поклонува и денес.
Мacedonian timeline







Comments