Thursday, September 20, 2012

ЗА МАКЕДОНИЈА СО ЉУБОВ

Во низата свечености по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, се вклучија и училиштата од Викториското училиште за јазици. Како што е познато, македонскиот јазик е вклучен во програмата на државното училиште во раните седумдесетти години и во многу го подобрува културниот имиџ на бројната македонска дијаспора. Во еден од поголемите училишни центри во Keilor Downs college, и оваа година наставничкиот колегиум припреми специјална приредба под мотото За Македонија со љубов. Целта беше да преку изведбите на македонски јазик, се испрати порака во светот дека и најмладите во Австралија го чуваат и негуваат македонскиот јазик . Во овогодишната програма се опфатија теми од македонското минато, легенди, народното творештво и родољубивата поезија. На крајот учениците ги изненадија присутните и со сопствена кореографија на орото Водарки . На приредбата гостуваше и пратеникот на Македонската дијаспора од Австралија, Г-днот Мики Додевски кој ги им се обрати на присутните родители, ученици и наставници. Додевски ги охрабри напорите за зачувување на македонскиот јазик во Австралија. Се надеваме дека македонската заедница во иднина ќе посвети поголемо внимание на задржување на јазикот во државните австралиски училишта. Оваа година неколку наставници работаат со по десетина деца во клас што е предупредувачки сигнал за драстично намалување на бројот на ученици. Се надеваме дека в година нема да го имаме истиот проблем и нема да се изгуби програмата која опстојува со години. Со овие зборови ученичката Ана Цаковска го започна уводниот дел од програмата: Оваа приредба ја организиравме во чест на големиот државен празник на Р. Македонија, 8-ми септември,- Денот на независноста. Овој празник ја означува независноста, сувереноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Точно на овој ден, пред 21 (дваесет и една) година , Македонија зачекори по патот на независноста, надвор од југословенската федерација. Македонскиот народ со голема радост го прославуваше овој ден во сите градови на Македонија. Овој празник има посебно значење за сите Македонци. На овој ден Македонија започна да го гради патот кон нови успеси и остварување на историската цел. Ние, учениците од ова училиште имаме можност да го изучуваме македонскиот јазик и на тој начин дознаваме повеќе за Македонија. Исто така се зголемува и нашиот интерес и љубов кон земјата на нашите родители, баби и дедовци. Затоа денес, решивме да настапиме под мотото “ Со љубов за Македонија.“ Преку рецитирањето на поеми , драмски изведби и фолклор, ќе го искажеме нашето познавање на јазикот, нашата креативност. Со оваа приредба на наш начин, ние ќе го означиме овој празник и ќе изразиме почит кон сите борци кои ги дадоја животите за Македонија. Заради нив, ние денес се гордееме со нашето потекло, со убавиот македонски јазик, историја, култура и традиција. Гордана Димовска

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...