СЕЌАВАЊЕ

Песна за Благоја Нешковски
Во една ноемвриска ноќ
млитава ноќ
еден бел гулаб
излета без никаков шум
се изгуби во ѕвездените далечини
Мајка во црнила се зави
прокапеја солзи тешки
и издишки за таксири неми
заредија сестри желби празни
се скамени татко
срцето тешкотија капе..
Оптичари
останаа да чмае
некаде во Пелагониската празнина
а во Порт Кембла
под оџаците
на замаглениот Стил Ворк
се спушти последната завеса
и остана да сонува
за македонскиот Шекспир

Oд книгата на Душан Ристевски
Украдени мисли/Stolen thoughts

Благоја Нешковски (Оптичари, 1964 - 24 ноември 1989), истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го поминал во Австралија каде што работел и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ.

Comments