ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА “ТИТАНИК“



Aвстралискиот рударски магнат, Клајв Палмер дојде на идеја да изгради реплика на најпознатиот патнички брод во светот, Титаник. За да ја оствари таа цел и да изгледа се како што беше во 1912 година, тој треба да потроши 195 милиони евра. Наречен “бродот од соништата“, Титаник остави силни впечатоци не само по својата уникатност, луксуз туку и по големата трагедија што го снајде на првото негово испловување. И ден денес претставува инспирација за уметниците, енигма за историчарите и истражувачите. Титаник 2, според Палмер, ќе биде уште “брод од соништата“, кој ќе се оствари. Ќе има 835 кабини, казино, театар, турси бањи, ексклуивни скали и тераси, болница, и сала за вежбање.
Овојпат нема да се потпише декларација дека бродот не може да пропадне како што беше случајот со оригиналниот.
Изградбата на Титаник 2 се очекува да биде завршена во Кина во втората половина на 2016 година. И како што популарноста е голема, така и побарувачката на билети за првото патување е далеку од очекуваното. Понудени се 1.000.000 долари да за првото патување на овој брод кој ќе треба да тргне од Саутемптон, Велика Британија. Како и во оригиналниот Титаник, така и овде, патниците ќе можат да купат билети за прва, втора и трета класа за шестдневно патување. И за да се постигне вистинскиот амбиент,патниците ќе имаат можност да се облечат во облека како што се носеше во 1912 година.
Инаку, оригиналниот  Титаник бил втор од други три патнички бродови, за кои се верувало дека ќе доминира во прекуокеанскиот патнички сообраќај. Бродот бил сопственост на компанијата Вајт Стар Лајн, а бил изграден во бродоградилиштето Нарланд во Волф и Белфаст, Северна Ирска.Градењето почнало во 1909 година. Бродот бил пуштен да плови на 31 мај 1911 година. Со носивост од 56.000 тони, долг 269 метри, широк 28 метри, претставувал вистинско чудо. Капетан на Титаник бил Едуард Смит а тој претходно имал патувано 26 пати по Североатланските води. Ова требало да  му биде последно патување пред пензија по 46 години морепловство. При пловењето, Титаник наишол на замрзнат брег кој му го оштетил трупот и бил причина за негово потонување.  Несреќата се случила на 14 април во 23.40 часот. За помалку од 3 часа, бродот потонал, и тоа на 15 април ноќта. Од вкупно 2.223 патници на бродот, загинале 1.517 а 710 од патниците ја преживеале несреќата.

Да се надеваме дека се ќе оди според  договореното и дека Титаник2 ќе ги оствари соништата на многу патници и нема да ја доживее истата судбина како пред 101 година.Сигурно соништата на патниците се да стигнат до посакуваната дестинација – безбедни, здрави и живи.
 Гордана Димовска







Comments