ЗАЛОГ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИJA


Извадок
Есента 1894 година во Штип, каде бил учител Даме Груев, пристигнале Гоце Делчев и неговиот другар туше Делииванов. Уште со своето пристигнување Гоце внел нов дух и нов живот во развитокот на револуционерното движење. Тој го раширил кругот на учесниците во револуционерните групи, откако привлекол сиромашни еснафи и работници од маалото Ново Село, во кое тој бил учител, а исто така и селани од целата штипска околија. Секоја саботна вечер тој излегуваше од Штип, преправен или не, и се враќаше в недела навечер или в понеделник наутро...со доаѓањето на Гоце се изменил карактерот на организацијата. Скриената, конспиративна дејност на дотогашните мали групички, тој ја преобразил во пирока илегална дејност. Надарен со здрав национален усет, Гоце јасно согледал дека во единството на сите Македонци лежи залогот за слободата на Македонија како самостојна политичка единица. Пред неговата убедлива проповед во името на заедничкиот идеал, исчезнуваа вештачки создадените национални непријателства “
 (Евтимов Дим. П: Делото на Гоце Делчев“. Во името на идејата “Македонија на Македонците“ голем број од припадниците на етничките групи ја поддржале Организацијата. Во Западна Македонија Гоце бил пречекуван како посакуван гостин и од гркоманите и од бугароманите и од србоманите и од Власите.

Comments