Subscribe:

Labels

Thursday, June 6, 2013

ДНЕВНИ ВЕСНИЦИ ИЛИ ПОРНО МАГАЗИНИ



Позната е изреката “Сликата кажува се“, па денес со појавата на интернетот, големиот број на социјални мрежи како facebook, и twiter, секој има свој профил и шанса да презентира што сака и како сака. Но колку може една слика да каже? Сликите не зборуваат и не се движат, тие се фиксирани имиџи и најчесто се избираат најдобрите со цел да пласира некоја “порака“ во јавноста. Па вака или онака, некои си обезбедуваат “место под сонцето“ а колку е вредно и реално понуденото како никој да не го интересира.

Дневниот печат воглавно треба да известува за разни вести од друштвениот политичкиот, спортскиот, научниот свет. Но во последно време се забележува дека  токму дневниот печат, изобилува со фотографии на разголени жени, и наслови за тоа која имала поубаво деколте или задник, дека се прошетала без долна облека или градник. Па секое отворање на фејсбук ќе наидете на наслови за секс, линкови со бомбастични наслови кои ве наведуваат да отворите но не се отвораат и за тоа колку млада личела некоја во нејзината 40 –та  или 50-та година. Значи се повеќе наликуваат на порнографски списанија отколку на весници било да се електронски или печатени. Најмладите кои исто имаат фб профили се секојдневно изложени на порнографски и секс фотографии и видео линкови. Дали  сопствениците – уредниците не можат да понудат квалитетни, веродостојни информации или на ваков начин само сакаат да го зголемат бројот на посетеност!!! Дали се свесни какви морални вредности пренесуваат како медиуми? И секогаш се пишува за славни филмски ѕвезди, модели или придружнички на познати лица. Каде е жената како вреден работник, со милион обврски кон домот, семејството и пошироката фамилија, каде е жената како политичар, амбасадор или такви наслови не се доволно привлечни за публиката. 
Дури и светските научници силно предупредуваат дека е сериозно нарушена моралната структура на современите општества.. Сето тоа влијае врз развојот на личниот идентитет кај младите но и врз личниот интегритет. Кризата на вредностите ја има зафатено сферата на моралните вредности во меѓучовечките односи, институциите, медиумите, образованието, здравството и се губи довербата во нивната компетентност.


No comments:

Post a Comment