ПЛАТА СПОРЕД РАБОТА

 Си бил еден човек, многу умен. Тој имал три измеќари. Едниот земал двесте грошеви на година, другиот петстотини а третиот илјада. Тие се карале помеѓу себе.   Зошто ти да земаш илјада грошеви? И ти си човек, и јас човек?
А тој што земал двесте грошеви велел:
-          Ами јас зошто да земам двесте: делми и јас сум човек како вас? Еднаш мајсторот ги чул и ништо не им рекол ама сторил ниет да ги искуси и да им даде сами да ја разберат кој колку чини. Еднаш една вечер во зима тој имал гости.
      Тогаш му вели на тој слуга што земал двеста грошеви:
-          Донеси една пењушка!
Слугата донесува една пењушка и ја носи право на мајсторот.
-          Каде да ја ставам?
Арно, му вели мајсторот, остај ја таму и постој малку тука.
Потоа му вели на другиот слуга што земал петстони грошеви.- ајде – донеси една пењушка!
Тој оди, донесува една пењушка и ја става настрана. И нему му вели да постои малку. 
Тогај му вели и на третиот слуга што земал илјада грошеви да донесе една пењушка. Тој зема пењушка, влегува во одајата каде што седеле гостиве, видел оти биле на секнување фитилите на свеќите , ги секнува во една брзина и после ја наместува пењушката право на огнот каде што требало.
-          Е , - им вели господарот,  - вие сеедно се карате кој колку земал и зошто едниот зема повеќе а другиот помалку.  Сега видовте кој колку чини. Уште еднаш да не ве чујам да се карате.









Gordana Dimovska

Comments