Sunday, June 23, 2013

НА МАТНА ВОДА ЈУНАК ДА НЕ СЕ ПРАВИШ

Еден ден селанецот со жена му и синовите решиле да одат на гости. Добро, но за да стигнат до роднините, требало да поминат преку река. Кога стигнале до реката, гледаат водата е матна.
-          Чекај жено, нека протече матната вода, потоа да ја прегазиме рекава! И баш во тој момент дошол еден Турчин со натоварен коњ. Тој им рекол:
-          Што чекате бре ѓаури?
-          Чекаме да помине матната вода, па да ја прегазиме реката.
-          Хм, се насмеал Турчинот, - задржете ми го коњов, јас да пробам да ја прегазам реката.
-          Добро ефенди!

Турчинот само што почнал да загазува во реката, водата го однела. Коњот со товарот останал кај селанецот. Кога матната вода поминала, селанецот со жената му и синовите ја прегазиле реката и си направиле добри гости. Вечерта се вратил дома и го растоварил коњот. Кога ги отворил дисаѓите што ќе види: биле полни со злато.





No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...