БЕЛИЧКИ СРЕДБИ 2013

Во организација на Здружението за развој на месната заедница на село Белица се одржаа третите по ред, “Белички средби“. Оваа манифестација секогаш успева да го оживее овој крај со неговите природни убавини, место каде што пулсира минатото споено во народните игри и песни, во поетските стихови и традицијата. 

Г-динот Лозаноски секогаш со искрена љубов и гордост ги афирмира убавините на родната Белица. Тој понесува искрени впечатоци во врска и со овие Белички средби и изјави:
“Ние како поети, научници, писатели и новинари не можеме да ги опишеме доживувањата од Беличките средби. Ех таа божествена рајска природна убавина, тие бистри води, тие развиорени ора со македонско знаме, народните песни за Белица и Македонија, можат да се доживеат само во Белица. Крај невестинската Бечаничка чешма која младите ја именуваат како чешма за вљубените, да токму крај таа чешма заискрила љубовата кај многу млади. 
Тука гувееле безброј невести во китна беличка носија, тука пиела вода од чевел и се пееле песната “Девојка од мајка се делеше, черешна се од корен корнеше“. Затоа водате е и волшебна со позитивна магија, со изворите од под возвишените ридови од кај црквата Свети Ѓорѓија од југ и манастирот Свети Александрија од исток. Таа е возвишена и убаво изградена од врвна уметничка мајсторска рака, градена од љубов со љубов за Белица, вистинска опојна убавина. После пладне се вијат ората од кај чешмата и средселото до нов ден и се виорат кај селската палата.

Ги поканувам сите да дојдат, и да ја осетат љубезноста на Беличани, древните порти се отворени за секој патник, добронамерник, вљубеник во природните убавини и културните вредности на црквата Св Ѓорѓија. Самата црква е вистинска галерија на ремек дела а манастирот Св Александрија е со необјаснива божествена сила ви ја открива панорамата на Белица, секогаш неопислива, бескрајно убава и опојна со мирисот на планинските цветови и гори“.  










Comments