Subscribe:

Labels

Wednesday, July 17, 2013

КАЖИ МИ


Кажи ми јасно, момче мило
на кој народ си предан син?
- На македонскиот!
Во која земја гнездо свиле
твоите мисли, твоите мечти?
- Во Македонија
Кажи ми громко, момче мило
на кој храм ти принесуваш дар?
- На македонскиот!
Чија е твојата младост бујна
и твоето срце - олтар?
- На Македонија!
Кажи ми смело, момче мило
на кој идол му служиш со жар?
- На македонскиот
Кажи решително, мили
во животот имаш ли идеал?
Да! МАКЕДОНИЈА!

Автор: Никола Киров Мајски

Никола Киров Мајски е роден во 1880 година во Крушево. Бил учител во с. Баница, Крушево, Ресен и на други места. Бил активен учесник во Илинденското востание,а се претпоставува дека е и автор на Манифестот на Крушевската Република, што подоцна го вградил и во својата драма Илинден. 
Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден2 август 1962 година.
Никола Киров Мајски оставил доста историски трудови, како:
„Со поглед кон Македонија“
„Крушево и неговите борби за слобода“
„Епопејата на Крушево“
„Светлина кон темнината“ и други.
Познат е и како драмски писател и поет.

Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment