Subscribe:

Labels

Sunday, August 11, 2013

Македонците од Мелбурн порачаа, Букурешкиот договор не важи


 Македонското шестнаесетзрачно сонце повторно се развиори пред  Парламентот на Викторија во Мелбурн.  Како што беше најавувано денес, 10-ти август, илјадници Македонци од сите возрасти зедоа масовно учество на мирниот протестен марш под слоганот “Марш за единство/March for Unity‘. Се со цел симболично да означат еден век од ништовниот Букурешки договор со кој Македонија беше немилосрдно распарчена. Истовремено му оддадоја и почит на сите знајни и незнајни македонски жртви кои ги дадоја животите во сите востанија и војни. Испратија јасни пораки и  до македонската Влада за итен прекин на преговорите за името Македонија како и барање до Австралиската Влада за признавање на Македонија под нејзиното уставно име. Организатор на протестниот марш беше Македонско – Австралиската организација на заедницата во Викторија. Честитки за организаторите и македонскиот народ кој храбро излезе да го искаже своето незадоволство од неправдите што се вршат над Македонија со децении наназад. Уште еден пример како Македонската дијаспора ги брани македонските интереси, македонскиот  идентитет, национална припадност и достоинство. На овој протест уште еднаш беше укажано на последиците од букурешкиот договор кога Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот станала периферија и провинција на балканските земји.  Сето тоа резултираше со  асимилации, денационализација и егзодус на македонското население во Егејскиот дел на Македонија. А целта им беше -  уништување на коренот, губење на името.Македонија и македонското име не се спомнувало дури ни во пребројувањето на жртвите и загубите од војните..
Во обраќањето од говорницата меѓу другото стоеше: Ако не извлечеме поука од минатото, историјата ќе ни се повторува. А ако ни го сменат името, ирелевантна ќе биде и нашата вистина за Балканските војни и Букурешкиот договор.Македонците денес бараат извинување и репарации за штетите предизвикани од Балканските војни 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција во 1946-1949, врз имотите и животите на насилно прогонетите и убиените Македонци и за експлоатација на природните, културните богатства во окупираните делови на Македонија. Денес ние Македонците јасно кажуваме пред светот:
- ЕУ и НАТО, не се достојни да го менуваат државното име Македонија!
- Македонците први го носеа, го носат, и ќе го носат ова име - Македонија
- Нема цена и сила да го натера македонскиот народ да потклекне и самоуништи!
- Правото на самоопределување и на самодефинирање е неприкосновено и неотуѓиво!
- Прашањето за државното име македонија е затворено со референдумот од 8-ми септември, 1991 година!
- Денес, 10 август, 2013 година, за нас Букурешкиот договор НЕ ВАЖИ!
Народ без свое минато, нема своја иднина. И затоа оваа 2013 година, Македонците од сите делови на Македонија и целиот свет, од Владата на Република Македонија бараат:
- Прекин на преговорите за името Македонија и безусловно продолжување на членството во ОН, во сите меѓународни организации, под единственото име - Македонија!
И за крај, испраќаме барање до Владата на Австралија, - да ја признае Р. Македонија под нејзиното уставно име!
Да живее Македонија!

.





Лидија Нешковска - претседател на МACO- главен организатор на голем број настани во Македонската заедница.








No comments:

Post a Comment