ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН ВО “МАКЕДОНИУМ“


По повод големиот национален и верски празник Илинден во спомен обележјето „МАКЕДОНИУМ„ Крушево оваа година зедоја учество и членовите на ‘Љубители на литература, култура и наука‘ - Демир Хисар. Како дел од манифестацијата ‘Десет дена Крушевска Република‘, тие прочитаа стихови и поетски научни мисли од автори кои имаат објавено дела во нивната издавачка куќа
.Уште еден голем допринос во одбележувањето на Илинден кој засекогаш ќе остане како светло сонце срцата на сите генерации Македонци. На тој ден се присетуваме на борбите и жртвата што ја дадоја нашите славни Илинденци за слобода на Македонија. Крушево како што и му доликува, љубезно ги отвори своите порти за сите посетители и учесници а публиката во Македониум бурно ја поздрави песната на поетесата Марија Ѓеоргиевска која беше посветена на илинденските виори во крушево и на ангелот македонски, Тоше Проески.

Comments