НАШИОТ САНДАНСКИ



Минува разлистен април, наметнал облека цветна,
ставата негова красна - тоа е нашето поле;
минува мирисен април, лазурот небесен светнал,
расцветан, насмевнат тој е, во мојот поглед волен.
Денеска радосен порој јури низ срцево мое,
дишам јас безмерно, мошно, в градиве пролет
се шири;
Денеска в спомен ми расне светлото име твое
денеска в спомен ми расне април и личен Пирин.
За тебе песнава гласи; знам јас, просторот мал е
но широк имаме простор: - целата слободна страна
целиот народ те носи наедно срце со Гоце,
нашиот народ го сака Сандански - верниот бранач.
Земјата твоја е ширна. Земјата твоја е тоа,
народот в борбите роден, заветот твој го знае,
името твое е кај нас симбол на животот среќен,
името твое е кај наш жив дел од денот сјаен.
В песнава не сакам појке за тебе Јане да пишам
нашиот живот е сведок како те сакаме ние,
в песнава сакам јас машки подлеци срамни да стишам
онака гневно и тврдо, ко ти што такви си биел.
клевети смешни и груби виреат в устите туѓи
родот наш книжно бил створен, јазик сме немале
мајчин. Старите песни се тоа, песни на нашите врагој,
рубата нивна е денес скроена на друг начин.
Онака гневно и смело, ти. ко што такви си ринел
онака својски и мошно, со мојот роден јазик
одвраќам: пцетата лајат, керванот сигурно мине,
одвраќам: лагите плитки, народот наш ќе ги згази.
Сандански- синот на Пирин, синот на нашата страна
дел е одживотот суров, дел е од нашата сила;
го носи в срцето свое народот слободен станат
што цени слобода златна, што љуби земја мила

Гане ТОДОРОВСКИ








Comments