
Повеќе
од 20 манекенки и манекени ги претставија моделите на бутиците :
Милерс, Нони б, Ши, Даниела бутик, Хиз и Жанета. За модната писта се погрижи
Војче Божиноски. Публиката беше воодушевена од организираноста, солидарноста и
ентузијазмот со кој работеа сите волонтери, членови на КУД Александар Македонски.
Организаторите припремаат и низиа други активности во
текот на годинава со што ќе ја реализираат и својата прва турнеја низ
Македонија во 2014.
Познати се и нивните настапи на голем број свечености во
Македонската заедница, организирани балови како и учеството на Moomba parade и Australia day.
Модната ревија се одржа во
просторија на црквата Св Злата Мегленска која секогаш излегува во пресрет за
активностите на ова културно уметничко друштво.
Фотографии: Јане Мавчев
Пишува: Гордана Димовска
Gordana Dimovska
No comments:
Post a Comment