Subscribe:

Labels

Friday, December 27, 2013

ПЕЧАЛБАРСКИ МАКИ

За почетоците и животот на Македонците надвор од своите родни огништа. Во секој период од својот живот во туѓина се соочуваат со нови предизвици, колку позитивни, толку и негативни. Она што го изгубиле, оставиле, не се враќа повеќе никогаш, оставени се на времето, условите и сами себе да бидат она што можат да бидат, да прават што можат да направат за себе и другите, за својата мајка Македонија, за новата земја во која живеат...тие се луѓе со два товари, со две мајки, а копнеат само по една. Тие се луѓе чии спомени  ја шепотат приказната за едно време минато. (Г. Димовска)

Австралсикиот ветар
“Будали луѓе, ќе печалиме пари, Македонче, ќе се снајде тоа некако поевтино, бадијала. Секој ден по работа се бањавме во фабричките бањи. Едни бањишта, една црна робијашница, - само во стилворкот работивме 8000 Македонци - и така, пријателе, истуркај со како овци в трло, бањај се, пусти се, ужаси. ..Најстрашното беше кога ќе почнеше да врие, да клокоти во тие бањишта. Човеч по повек да се губи, од пред очи нешто го зело, туку го снемало, како некоја страшна бездна да ги голташе луѓето. Само слушаш некое далечно мрморење, кинење , некое тешко ѕунење.
................................................................................................................................................................
Мајка! Пак се изгубува Роме Лесков.Не знае каде е, во Македонија или далечна Австралија?Се најде во мала селска куќа, приземна, како отровна печурка. Темна и полна со чад, полна со свет, жени, деца старци. Кожуви, туњи, чулавки, врани, гаврани, мечкари  волци. Разговараа тихо, кратко како на мртовец. Кој умрел? Божем како тој да умрел, го завиле во едно веленце и го спружиле на среде куќата. Потоа од камарчето, каде што квачеше една бела кокошка, се јави едно мало човече се во свила, срма , светеше како сонце. Се претстави за пратеник на Филип и Александар Македонски - “Добро ни дојде царев пратениче, кај ми те чекаме“, еден кожув се јави. Доаѓам лично од Александар Македонски за да ви ги покажам запретаните богатства, зашто вие Македонците сте деветтото Филипово колено и единствени вистински наследници! Вистина, рекоа гуњите. “Тоа е нашата историја, славна! “Тргнете по мене, пријатели, во расипаниот град роман ќе ве носам на половина саат од тука, таму има еден змијарник во едни камења, таму се кријат големи антики, бакар, сребро, злато.
.................
Будала, во туѓина сакав човек да станам, имав преголема желба да се докажам , да се извлечам..уште на самиот почеток се сопнав на првиот чекор...проклет да беше часот кога се запослив во стилворкот. Уште на влезот како во затвор да одиш, на робија, камен, камен, со прст ме вика еден полисмен ме носи во офисот кај службениците..
.................
Потоа со часови како будала зуриш во австралиската ноќ, во која ни пиле, ни петел се слуша.Во таков еден час некој непознат ти се јавува, чиниш како близок ,како пријател, а тој со своето шепотење сосема те доизгорува, - Зошто си се родил, човече, прашува и се кикоти - Зошто? Тогаш човек избезумува, станува зол, лош а што е најстрашно изгрубува во него филингот, нема чувство, нема ништо..Натинг! Не, не пријателе, сега цдел свет ќе ми  биде мал...Збогум, Збогум!

Извадок од книгата “Гроб за душата“ од Живко Чинго


No comments:

Post a Comment