МАКЕДОНСКА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, трета година по ред се одржува едукативната програма наречена ‘Македонска Новогодишна приказна“. Целта на оваа програма е да се поттикнат децата од македонско потекло да го изучуваат македонскиот јазик, да дознаваат повеќе за традицијата и обичаите. Секоја година се зголемува интересот за учество во оваа програма а голем успех е тоа што се запишуваат и деца кои за првпат се на час по македонски јазик.
Овогодишната едукативна програма опфати:
Значење на Божиќните украсувања во домот, Декорација и правење на новогодишен украс со Весна Дамчевска
, пишување на новогодишна приказна и новогодишна азбука , значењето на симболите за Божик - со Мира Цаковска и Гордана Димовска. Специјален гостин кој зборуваше за значењето и историјата на македонските музички инструменти, беше Мишко Кордановски. Децата со големо внимание го следеа неговото предавање и ракоплескаа на звуците од гајдата, тапанот и зурлата. Секоја година ќе ја унапредуваме и збогатуваме со нови содржини, креативно и забавно со цел да го задржиме нивното внимание, да бидат континуирано во контакт со јазикот и да се дружат со своите другарчиња.


Изразуваме благодарност за поддршката до Дедо Мраз -Ѓорѓи Стојковски, Црквата Рождество на Пресвета Богородица - Sydenham, Cnet technology – Крис Ланговски, АМН Игор Павловски, Радио Илинден Мелбурн (Дончо Ангелоски), MCWA- Caroline Springs, Sheldon Reception,  сите родители и ученици.









Крис Ланговски (Cnet technology) секоја година доделува награди за учениците  во Македонската новогодишна приказна - Благодариме















Gordana Dimovska

Comments