УЧИМЕ МАКЕДОНСКИ

Македонците во Австралија, иако надвор од својата родна земја , прават напори да го негувaaт и пренесуваат Македонскиот јазик на нивните деца. Познавањето на мајчиниот јазик, односно јазикот на родителите игра голема улога во општеството затоа што им помага на децата подобро да го запознаат и наметнатиот јазик, во земјата каде живеат.

 Негувањето на сопствениот јазик значи постоење на еден народ кој може слободно да ги изразува своите мисли, чувства и дејствувања. Младите генерации треба да се запознаваат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик. Јазикот е најголемо културно наследство и треба да се развива свеста кај младите генерации за негово зачувување.

Австралија како мултикултурна земја, покажува почит кон различните мултиетнички групи и им дозволува тие да си ги чуваат и промовираат своите национални обележја, културата , јазикот, обичаите и овде на австралиско тло. Македонски јазик бил воведен во редовна настава уште во 60-тите години а како дел од програмата на Викториското училиште за јазици е воведен во 1977 година. Денес значително е намален бројот на запишани деца што резултира со укинување на јазикот во Резервор, Саншајн и други редовни училишта. Затоа е важно и во интерес на цела Македонска заедница, да развијат позитивен однос кон јазикот и да ги мотивираат што повеќе своите деца, внуци, да се запишуваат во редовните училишта како и во центрите на Викториското училиште за јазици VSL (Victorian School of languages). Ниедна причина не доволна да се дозволи изумирање на јазикот, и затворање на класови, поради намален број на ученици. Ако еднаш се укине програмата за Македонски јазик, ќе биде многу тешко повторно да се отвори. Треба со посебно задоволство сите да помогнат кон зачувување на јазикот во училиштата и негово враќање таму каде што се изгубил. Јазикот е основно обележје кој го гради македонскиот идентитет , и преку кој се дефинира нацијата како посебна. Многу млади Македонци во Австралија кои се вклучуваат во активности на македонски организации и друштва осеќаат голема празнина затоа што кога биле деца не го учеле јазикот а сега толку им е потребен.
Macedonian Timeline 
Гордана Димовска

1-2 одделение ученици во VSL,  Keilor
Downs College (Наставник - Пепи Поповчевски)



 Пара Петровска со својот клас 2013 (подготовки за настап на Фестивалот на храната)



Comments