ПРОМОВИРАНА КНИГАТА “ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА“ ВО ОХРИД

Литературниот клуб Љубители на литература, култура и наука -Св. Висарион од Демирхисар пред читателите се претстави со своето ново објавено дело од авторката Гордана Димовска,  Таа е наш долгогодишен соработник од Мелбурн, далечната Австралија. Авторката потекнува од битолското село Оптичари а од 1993 година живее и твори во Мелбурн, Австралија. Денеска во 12 часот во Градската библиотека Григор Прличев, Охрид, се одржа промоцијата на книгата ‘Вечна светлина над Македонија‘ од Гордана Димовска. Оваа книга е осврт на погледите и визиите за родната земја.     Книгата е збир на дел од нејзините есеи, колумни, лирски исповеди, научни трудови, пораки. Сите тие зборуваат за многу важни моменти од македонската историја, поучуваат, информираат.Честа на промоцијата на книгата им припадна на рецензентите Професорот Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска. Делови од книгата читаа и нашите соработници учениците Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературната секција од О.У. Кочо Рацин од Охрид. Сите заедно се потрудија со својата вештина да ја пренесат содржината на делото во кое авторката со голема љубов и храброст се бори за зачувањето на македонскиот јазик кај новите македонски поколенија во далечниот свет надвор од границите на нашата Македонија. Авторката за своето дело вели: „ Низ текстовите е одразена борбата за зачувуање на македонските национални вредности кои го создаваат македонскиот идентитет и кои не смеат да се рушат под никакви услови ни цена. Се навраќаме во минатото за да стигнеме до сегашноста и да се изградиме нови патеки покои Македонија сигурно и смело ќе чекори кон СВЕТЛА ИДНИНА.“  Здружението и издавач на книгата, СвВисарион во освртот кон нејзиното дело пишува: “ 

И денес создаваме жива историја и светли и горди примери како се сака и бори за Македонија. Нејзините научни и литературни дела зборуваат за минатото , сегашноста и иднината на родната Македонија. Таа секогаш со голема почит и љубов зборува за нејзините корени со тоа што е чест дописник на наши македонски списанија , весници кои се печатат во нашава татковина и светот. Таа е светол и восхитувачки пример за Македонки и Македонци од Македонија и светот. Само тие кои не ја напуштиле Македонија немаат доживеано што е болка, тага, копнеж насталгија за родната земја.Таа е еден од нашите најблиски и најуспешни соработници од дијаспората . Гордана се појавува како истакната поетеса, есеист, научник, публицист, новинар и просветен работник на македонските ученици -во Мелбурн. Бидејќи промоцијата се изведуваше бес присуство на авторот тука беа присутни нејзините блиски роднини од Битола кои со гордост ја претставуваа фамилијата на авторката.



Comments