Wednesday, August 20, 2014

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛОТО НА НАШИТЕ ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ

Во соработка меѓу литературните друштва Григор Прличев  од Сиднеј и Браќа Миладиновци од Мелбурн, в петок, на 29 август од 18:30 часот во просториите на социјалниот клуб на Престон Македонија, 231 Broadhurst Avenue, Reservoir, се организира промоција на еминентните македонски автори од Сиднеј, Австралија Душан Ристевски и Иван Трповски.
Двајцата се добитници на наградата ”Стојан Христов” и имаат долгогодишно творечко дело. Вечерта ќе можете да се сретнете со авторите и да се запознаете со нивните книги. Исто така ќе можете во Мелбурн подобро да се запознаете со друштвото ”Григор Прличев” од Сиднеј што се смета за најуспешното литературно друштво на дијаспората, со долгогодишна традиција и голем број изданија.


Фото: Иван Трповски и Душан Ристевски
Преземено од Австралиско Македонски Неделник и Денес

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...