Поздравно писмо од Здружението Љубители на литература, култура и наука, Св Висарион

 Почитувана Гордана, ценети промотори и учесници на промоцијата на книгата ВЕЧНАТА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА, ОД нашиот почитуван и вреден соработник Гордана Димовска Во ја честитаме промоцијата Во мое име и во името на Љубители на литература, култура и наука.
Од родната Македонија, ги поздравуваме сите учесници на оваа славна промоција. Далечината не прави посилни за да ја споделиме радоста со вас, за големиот подвиг и успех на Гордана Димовска-горда Македонка, со љубов кон Македонија.

Кога е
во прашање, Македонија, македонскиот народ, македонските светлини за Македонците нема далечини, нема граници,...сите сме поврзани низ целиот свет и иста мисла не храни и опојува за гордоста македонска.
 Промоцијата да биде поврзана со најсветлиот македонски празник Втори август ад Александар Македонски до денес ,е голем светол чин за македонската нација. Самата писателка, поетеса -научник, есеист и новинар Гордана Димовска, во почетокот на книгата ќе потенцира во книгата „Вечна светлина над Македонија“ -„Илинден е како сонце што ги огрева и полни срцата на милиони Македонци низ светот.
Да им оддадеме достојна почит на сите што ги положија своите животи за слободна Македонија и да не заборавиме на овој светол датум во македонската историја. Слава и чест на паднатите борци за слободата на Македонија.
На Гордана и благодариме за долгогодишната соработка и нејзината огромна поддршка на нашите проекти, промоции и активности. И на нејзините соработници во Мелбурн, Австралија им посакувам уште многу успешни дела, во иднина. Да бидеме секогаш обединети, сплотени, да соработуваме без разлика на територијалната оддалеченост. Ништо не е далеку и невозможно доколку се работи за Македонија.
На сите ваши блиски, соработници и учесници на промоцијата Ви посакуваме пријатен ден, успех во се она што го прават за Македонија и никогаш да не престанат да ја сакаат својата татковина. Гордана со делата објавени од Љубители на литература, култура и наука, Св. Висарион „ Од Љубов со љубов за Македонија, Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица. и со нејзиното возвишено дело ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА  докажа колку се сака родната Македонија Срдечни...Далечината само не сплотува и ја зацврстува љубовта кон Македонија.  Срдечни поздрави со почит -Ванѓелко Лозаноски

Comments