ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ПРОСЛАВЕН ВО МЕЛБУРН

Македонците ширум светот со голема радост ги дочекуваат македонските религиозни но и национални празници. Австралиските политичари многупати укажуваат на фактот дека зборувајќи го својот прв јазик, негувајќи ја својата култура, историја, традиција,  е право на секој националност и само така даваат максимален допринес во мултикултурното општество во кое живеат.
 Па така и 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија  си зазема посебно место во календарот на иселениците кои живеат во четири - милионскиот Мелбурн, Австралија.
Македонските организации, здруженија, културно уметнички групи, секоја година одржуваат пригодни свечености во регионот каде што се сконцентрирани Македонци. На 6-ти септември, Македонско-австралиската организација на Заедницата организира голема прослава во салата за свечености Шелдон . Во програмата беа вклучени деца со рецитации на македонски јазик како и убава македонска музика во изведба на популарната Вера Трајкоска и оркестарот Китка.За овековечување на настанот се погрижи DI GI video productions (Целе Петровски).
Точно на самиот ден, 8 –ми септември, Советот на Македонската заедница за Викторија, го организира свеченото кревање на осум македонски знамиња  на централниот плоштад Federation square, Мелбурн. Александар  Тодоров од Советот на Македонската заедница го најави официјалното свечено одбележување на празникот. Обраќања и говори одржаа: Г-ѓата Бети Коруновска, Конзул на Р. Македонија за Австралија,потпретседателот на Советот, Зоран Здравески. Присуствуаа претставниците од  ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Мелбурн, МПЦ , членови на Македонската добротворна организација, (MCWA, Caroline Springs), Ордан Андреев од ОМД , SBS радио, и многу други активисти, новинари.
Радост и гордост е  во 4 милионскиот Мелбурн  да се веат црвено-жолтите знамиња, и да ја пренесуваат пораката за значењето на еден историски настан на македонската држава македонскиот народ,  македонските иселеници.
Гордана Димовска
Мелбурн 2014
Gordana Dimovska

Comments