“СТАПКИ ВО ПЕСОКТА“ НОВА КНИГА ОД ЕЛИЗАБЕТА СТАНОЕСКА



За поезијата на  Елизабета Станоеска
Длабоко проникнуваме во поезијата на Елизабета Станоеска во која можеме да го воочиме нејзиниот  уметнички обликуван збор како главен сегмент на нејзината милозвучна поезија. Поконкретно, нејзините песни се буица извор и од кој потекува милозлива топлина и не пленува, милува и разгалува, со бисерните искрени зборови.
 И поубаво нагласено, со нејзините акорди на романса, со тага на балада, со ведрина на романса и серенада, се чувствува љубовта кон пишаниот збор кој одраз на нејзината душа. Читаш, размислуваш дека душата постојано и плаче, а потоа од песните се разнежнуваш и опојно емотивно чувствуваш како таа милозливо пее низ стиховите и се во околината на твојот близок свет, допира музика. Елзабета Станоеска спаѓа  во редовите на современата македонска поезија. Таа е родена и живее во Македонски Брод, градот над бистрите боди на Треска. Стихозбирката Стапки во песокта е нејзината втора книга, а по неа се подготвени нови нејзини проекти од поезија, проза и музика. Љубовта кон родните предел, кон Македонија и нејзините блиски се главната нејзина инспирација за нејзиното творештво.

Ванѓелко Лозаноски

Поема од Елизабета Станоеска

ЈАС, ТИ, ТОЈ, ТАА
 Мирисот на липа
 Од усните мои го земаш.
 Јас на ракија од твоите.
 Ја палам Добра ноќ
Сама ноќ- цигарата.
Се акаш низ мислите мои,
Разбегуваш
 Како во кафез затворен.
 И не само низ мислите.
Секако разбегуваш.
 Не знам дали се поздравуваме,
Дали се збогуваме, Дали се разминуваме,
 Или се пронаоѓаме.
Дали сум јас таа Или си ти тој,
 Каде започнувам јас?
 Каде завршува тој?! Или таа Или ти.
 Вечно измачување,
Помеѓу мисла и збор, Сон или јаве.
Само што започнуваме, А веќе чувство на крај.
Со мене и неа.
Каде започнува тој, А завршува таа.
 Се навраќаме само
Се изгубивме во препознавањата, сличностите.
 Немир и мир Јас и тој, Ти и таа.
Збунувачко чувство на спокој 
Рамнотежа на карактери.
Минус и плус. Што ли е?
Низ лавиринтот на животот,
 Сите се испоизгубивме.

Comments