ПРАЗНИЧНА



Во отсјајот на сончевиот зрак
Празничен ден се роди пак.
Неуморен патник чекори смело
допатувал во земја непозната за него
Поздравува минувачи со насмевка скришна,
Заита кон ридот и  гората вишна.
Патува низ градови и села
Се восхити на Македонија цела.

Ко бескраен ѓердан спомени се редат,
Уморен седи крај огниште старо
Искри  од надежи и мечти,
Пламен на копнежи врели во ликот на икона света
Ех каква му била судбата клета!
Реката надвор немирна жубори и тече,
Тоа е твојата судба патниче,
Тоа е судба која секогаш назад ќе те влече.

А далеку таму,во едно срце мало
 извира и блика љубов голема, бескрајно чиста
Допира со нежност и благослов божји
Брише солзи, исполнува желби
Празнична песна далеку се слуша
Пораки и желби за секоја душа
Добрина, искреност и чесност
Да царува радост и вечна среќа во светот.
Христијани браќа, Македонци во цел свет
Бидете радосни и среќни во овој миг
Среќна Ви Нова година и Божик.

Гордана Димовска (Gordana Dimovska)

Comments