ЗАПИШИ ПЕСНА


Запиши песна  за судбата твоја
Запиши песна  коja ќе биде и моја.
Да не останат во заборав твоите скриени мечти
Твоите лажни ветувања ко извори пусти,
Пресушени и полни со лажни зборови клети.
Зборови кои како силни бранови се воздигнуваат
и талкаат низ срцето кое немирно стрепи.

Запиши песна најубава на светот
да не остане  зборот недоречен и скриен,
Закоравен во душа треперлива, несигурна во себе.
Неспани ноќи минуваш крај каминот свиен,
Ни совеста не те одминува ниту остава мирен.

Од копнежи, пориви и ветувања празни
Да остане барем песната запишана од душа
Песна да исполни празнина стара , да залечи рани.
Да остане песна за спомени драги
Да ги  избрише сите нејасни траги.

 И кога ново утро ќе осамне низ дождовни капки
Ќе осетиш дека некој стои крај тебе
Ги гали и милува  твоите црни коси
Ги следи во чекор твоите стапки.
пробај да разбереш каква порака ти носи.

И тогаш повторно ќе се вратиш на старото место
Покриено со златно – жолти лисја
Есента чуда прави, знаеш!
И дури тогаш ќе почнеш да пишуваш песна
песна проникната од душа,
Во тишината на есенското утро
душата ќе ти зборува погласно од тишината.

И дури тогаш ќе запишеш песна за една љубов
песна за љубов која не ја свати, 
туку ја напушти како исплашена срна
А таа љубов никогаш повеќе нема да се врати.

Автор: Гордана Димовска
 (Zapisi pesna – Gordana Dimovska)


Comments