МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ

Со чекори смели, достоинствено и  храбро
Македонски херои, рамо до рамо застанаа да бранат
Браќа и сестри, Македонци свои.
Нивните имиња историја пишуваат сега,
За злосторства и терор над земјата света.

Часови минат во очај и тага
 И домот е празен и душата пуста
народот жали и плаче, за чедата свои
Една мајка стои крај прозорец и пати
не верува дека синот нема да се врати.


Остана сама во очај и болка
жали за животот кој пребрзо згасна.
Тешка грутка в срце ко да стега
Нема ниту место каде да се бега.
Молк, солзи и пак исто
Кога ли ќе царува мир во светот?

Пред икона застана и реши да се моли
Зошто ли зошто загина чедото мое?
До кога и зошто толку неправда и злоба?
Тажна судбина надвиснала како најтешка карпа
Страдања и немири за народ напатен
Кога ли ќе запрат?


(Makedonski heroi)
Gordana Dimovska

Comments