ВРЕМЕ Е ДА СЕ СПАСИ МАКЕДОНИЈА

Ванѓелко Лозаноски
На улици река од народ, сите МАКЕДОНЦИ, протестираат против Владата, а други излегоа за поддршка на Владата. Не е ли премногу се одеднаш и пак сме во центарот на вниманието во светските медиуми. Само за арно да е и за добро на народот кој треба да гласа и да даде доверба да ја водат државата. Македонците во дијаспората се исто така чеда на оваа наша земја. Имаат друга улога таму далеку во туѓина, но да не го заборавиме и нивниот допринос во борбата за македонското име, јазик и идентитет. Македонци во дијаспората и во вас гледам спас. Не не одминувајте во овие тешки моменти, дојдете, посетете не, подајте ни рака. Подајте рака на оваа СВЕТА -БИБЛИСКА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА, на народот напатен, на вашите браќа и сестри. Подајте рака на родината која  низ вековите се претвори во уметничка оаза, на цркви и манастири со уметнички сликарски-резбарски дела, со мaкедонска  архитектура со китни села.  А зошто сме сега дојдени до оваа состојба, одговорот е јасен неискуство од повеќе партиски систем.
Европа, ја заборави како во Илинденското востание, во Балканските војни и во светските војни, НАТО ја остави и покрај учество на Македонија во најпресудните походи на силите на НАТО. Обединетите нации и го сменија и името ФИРОМ, да не може да се вклучи во  Европската заедница.
 Остана Македонија сама препуштена на соседите кои војни и борби  воделе да ја разграбаат а без да знаат дека и самите потоа очите ќе си ги извадат. А Балканот од оаза  да се претвори во пекол.
ДОЈДЕТЕ МАКЕДОНЦИ, ВРЕМЕ Е ДА ДОЈДИТЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО РОДНАТА МАКЕДОНИЈА. Не само тие кои горат и спремни се во секое време да се борат за Македонија со срцето и душата, и одлатале од сувата корка леб,  туку да  дојдат и тие на кои далечните претци им  потекнуваат од Македонија. СЕГА И Е ПОТРЕБНА ПОДАДЕНА РАКА. ДОЈДЕТЕ македонски бизнисмени, научници, политичари, економисти, стручњаци...ДОЈДЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ДА СЕ ВРАТИ ВИСТИНСКИОТ НЕЈЗИН СЈАЈ, ДА ПРЕОВЛАДУВА МУДРОСТА, ТОЛЕРАНЦИЈАТА, ЉУБОВТА МЕЃУ СИТЕ НАС.

Comments