НЕЗАБОРАВЕН НАСТАП НА ВИРТУОЗОТ НА ВИОЛИНА - ЗОРАН ЏОРЛЕВ


Во организација на охридското социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн, во Мелбурн Австралија гостува виртуозот на виолина, Зоран Џорлев. Првиот негов настап беше на Охридскиот бал, одржан на 4 јули во Emerald reception, Thomastown.  Се чини дека на македонската публика во Австралија и недостигаше и еден ваков настан па со задоволство ги проследуваат неговите импресивни сплетови од македонски ора и песни. Џорлев, македонската народна песна ја везе низ звуците на виолината и го опчинува срцето на слушателите. На неговите концерти учествуваат и естрадните уметници Татијана Лазаревска и Новица Василевски исполнувајќи ги своите хитови, омилени на публиката. Честитки за многубројните организирани концети, активности од хуманитарен карактер на претседателот на Охридското социјално друштво “Св Наум Охридски“, г-динот Васко Ангеловски и сите нивни членови. Оваа година го добија престижното одликување и од Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов


Фотографии на Васко Ангеловски

Comments