Friday, July 31, 2015

ИЛИНДЕН


И до кога ќе трпиме
до кога во ропство
ќе чмаеме
и глави ќе веднеме.

Летна мисла една
за слобода жртва вредна.
Ќе кренеме гордо глас
ете,чукна и тој час.

Истрел се слушна
борба во Крушево гори,
комити се бијат,
слободна територија се створи.


Никола Карев,Питу
и комити, храбри,смели
на светот му јавија.
И во Отоманското царство
ослободена Крушевската република, гордо стои.

Ден Илинден сјае
но тиранот не трае,
илјадници аскер прати
изгубеното да го врати.

Ете,радоста кратка
е.
Звонат камбани.
Комити и Мечкин камен за
борба во одбрана се спремаат веќе.

Над Крушево оган гори,
плутони грмат,пушки ечат.
Херојска нерамна битка се бие,
јуначка крв за Македонија се лие.
Загинаа на Мечкин камен
сите до еден,
борејќи се до здив последен.

Автор: Љубица Поповска


No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...