Subscribe:

Labels

Sunday, August 2, 2015

НАГРАДЕНИ ДЕЛА НА ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС “ИЛИНДЕН ТОГАШ И ДЕНЕС“

По повод големиот празник Илинден, А.М.Л.Д “Браќа Миладиновци“, Мелбурн распиша награден литературен конкурс на темата “Илинден тогаш и денес“ со цел да опфати период од Илинден 1903 и Илинден 1944 година. Исто така целта беше да ги поттикне сите љубители на македонскиот пишан збор да творат за овој голем национален празник. Преку создавањето творби за Илинден се намалува недостигот од родољубива поезија и проза на оваа тема во дијаспората. Несомнено преку делата се збогатува опусот на песни и раскази а воедно остануваат да сведочат за значењето на Илинден за идните генерации. Литературните конкурси се начин преку кој се мотивираат и инспирираат повеќе автори во дијаспората да ја изразат својата креативност на хартија. По добиените 20 творби, комисијата на литературното друштво Браќа Миладиновци во состав, Иванка Петровска, Љубица Поповска и Гордана Димовска, одлучи да ги награди најдобрите дела на оваа тема.
Наградени дела во категоријата поезија за возрасни:

Прва награда -  “Илинденска епопеја“ -    Наум Пауноски (шифра Спектар)
Втората  награда ја делат:
“Илинден празник голем светол православен“ – Лилјана Божинова
 “Илинден свет ден“ – Емилија Жупаноска
Трета награда - Илинденска песна - Емилија Жупаноска
Поезија за деца на оваа тема не добивме.
Во категоријата раскази :
Прва награда: Илинден – Христина Стојковска
Втора и трета награда во оваа категорија не се додели.
Раскази за деца не добивме.

Наградите ќе им бидат пратени по пошта. Им честитаме на добитниците и ги охрабруваме да продолжат со творење и да ги збогатуваат страниците на македонската книжевност со нови инспиративни дела. 
Управата на А.М.Л.Д Браќа Миладиновци, Мелбурн изразува благодарност до сите кои испратија творби и зедоја учество во овој илинденски литературен конкурс.

No comments:

Post a Comment