ПРОСЛАВА НА ПЕНЗИОНЕРСКОТО ДРУШТВО “БЕРАНЦИ“

По повод 8 годишнината од постоењето на пензионерското друштво “Беранци“ и во чест на големиот верски и национален празник Илинден, на 7 август се одржа прослава во просториите на Memorial Hall Epping.  Поради значајноста на празникот, поетите од А.М.Л.Д “Браќа Миладиновци“ Мелбурн, прочитаа поезија посветена на Илинден. Честитки на домаќините за нивната 8 годишнина од постоењето и уште многу години да слават и чествуваат важните македонски празници. Беа прочитани и песни од Виолета Јовановска и Гордана Димовска.
Пријатно изненадување беше читањето и на дел од Сонетен венец од страна на  Лилјана Атанасова (член на пензионерското друштво Беранци). Честитки и до членовите на литературното друштво Браќа Миладиновци, Љубица Поповска, Трајан Цветаноски, Стеван Ацески за организираната активност која е дел од започнатата кампања ‘Сакај ја книгата, негувај го јазикот’.




Comments