ДУХОТ И ТЕЛОТО

Автор: Емилија Жупаноска
Во трката да се допаднеме себеси и секого, го изолиравме духот.

Честопати се уверувам колку ние луѓето сме површни и колку умееме наједноставното да го усложниме и да ја растегнеме теоријата со праксата до немајкаде до таа мера да немаат ништо заедничко.
Така од теориска гледна точка,од реална до религиозна,духот е тој што живее и што патем нели продолжува да живее.
Духот е вечен,а телото е само привремен преносник на духот.
Телото е впрочем како машина,ќе се расипе, ќе дотрае,ќе остари,ќе скапе, ќе се распадне.

Ама затоа ние од практична гледна точка толку вложуваме во телот, од убав изглед,до накитеност, безброј скапоцени материјални нешта да го дотераме надворешниот облик.
Јас се обложувам дека ако на 100 луѓе им подариме две награди меѓу кои треба да избираат да речеме едната во салон за разубавување а другата во библиотека, речиси сите ќе ја изберат првата. Исто е и со свои пари, радо би потрошиле 1000$ на шопинг отколку на допишување за дообразување, факултет, некој дополнителен курс, учење на можеби некој друг јазик. Знам нема логика, ама голема евиденција.
Кога се запишав на книжевност земавме стипендија и кредит од државата,не беше голем приход,но секако добредојден за студентските денови.Во една прилика една колешка во непосреден разговор и вели на друга како од парите ќе си купела неколку фустани,а другата која веќе купи неколку книги на саемот за книга и возврати:"Па што не си се запишала тогаш на текстилно",нешто во тој контекст, во прилог на муабетов, така е и со животот-со духот и телото.
Во трката да се допаднеме себеси и секого, го изолиравме духот.

Duhot i teloto - Avtor: Emilija Zupanoska
The soul and the body - Author: Emilia Zupanoska

Comments