МОЈОТ ТАТКО


7/30, 1:52pm

Автор: Анте Поповски Откако тој засекогаш излезе од својата куќа, веднаш по него и куќата отпатува со него: темелите, столбовите, скалите, покривот, тргнаа по неговите траги и исчезнаа. Куќата беше составена од неговиот глас,од неговото чисто шамиче,од неговиот поглед и неговиот од, И јасно беше дека не можеше да се случи тој да замине- куќата да остане! Денес само ние, неговите деца
Можеме да го одгатнеме тоа чудо: на среќниот мој татко куќата му беше единствена црква во која тој се молеше и целото наследство што ни го остави е сјајот во неговите очи дури се крстеше и ја глаголеше молитвата на трпезата. Не можеше да се случи 
ангелот да замине-црквата да остане..

Comments