Wednesday, August 26, 2015

МАКЕДОНСКИ МУДРОСТИ

Емилија Жупаноска
Нашиот народ е досетлив и изобилува со мудрости преку споредби на животинските особини со човечките карактеристики. Во басните најчесто се кријат големи вистини со метафорично знaчење. Еве дел од нив:

Верен како куче.
Итра како лисица.
Брз како зајак.
Бавен како желка.
Плашлив како зајак.
Се коти како зајак (многу се размножува)
Спремен како пушка.
Горделив како паун.
Убав како лебед.
Зборува како навиен (саат)
Го јаде црвот (грижи)
Повторува како папагал.
Пее како славеј (убаво)
Грачи како гавран (не пее убаво)
Слободен како птица.
Една ластовица не ја прави пролетта.
Oко соколово.
Висок како жирафа.
Досаден како мува.
Кроток како јагне (мирен)
Преде како маче, (се умилкува)
Страшен како волк.
Вредна како пчелка.
вредна како мравка
Плива како риба во вода (снаодлив)
Плива како риба на суво (неснаодлив)
Застанал како магаре на мост (инаетливост)
Трча како прле пред магаре (избрзлив)
Не умри магаре до зелена трева (одложување)
Не е важно колку млеко ќе дадете кравата, ако после тоа го клоцне.
Гладна кокошка просо сонува.
Нему и петлите му носат јајца (богат)
Позади добриот коњ се крева многу прашина.
Видела жабата го коваат копитото на коњот, и она ја кренала ногата.
Убавите круши свињите ги јадат (нееднаквост)
Подобро врапче во рака, отколку пиле на дланка (скромност, не лакомост)
Ако си овца секој ќе те стриже (наивност)
Не му се сите овци на број. (растевожен, нервозен)
Крокодилски солзи рони (плачко)
Има змија во џебот (скржав)
Му рекло магарето на зајакот имаш големи уши (потсмев за иста особина)
Колку чавки толку петки.
Се крие како змија нозете.
Уста има јазик нема, молчелив.
Волкот влакното си го менува, но не и навиките (табиет)
Рани куче да те лае (неблагодарност)
Ефтиното месо и кучињата не го јадат
Мачето и кучето вечерва заедно ќе спијат, (кога многу студи)
Кучето ни ја глода коската-ни ја дава (себичен,алчен)
Куче пред касапница (повторлива навика)

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...