ВО ТУЃИНА

Битола
те гушкам во песна
староградска лесна,
песна што некогаш болно звучи
болно јачи,
душава за младост,
гори, плачи
Споменот ми жубори
ко таен извор
што блика вода
и слика мие.
Воздишка ме мори
нежна
во душава носталгија
натежна
Сеќавање капе
капка по капка
ја лади раната жарка
Битола ми е насмевска,
мелем на рана -
македонска песна ми стана.
Поема од стихозбирката Битола Бабам Битола 2015 (второ проширено издание)
Автор: Љубица Поповска
Poema "Bitola"
Avtor; Ljubica Popovska


Comments