ИМПРЕСИВНО МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО

МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО
МАНИФЕСТАЦИЈА КОЈА ОСТАВИ СВОИ ДЛАБОКИ СПОМЕНИ И БЕЛЕЗИ
Рака на срце, никој не очекваше една ваква успешна поетска манифестација, во манастирскиот двор на манастирот „Света Богородица“ во Суводол-Кутретино.
Пристигнаа поети од Македонија и македонски поети од дијаспората-амбасадори на македонскиот јазик низ светот. Манифестација во рамките на Демирхисарско лето под покровителство на Општина Демир Хисар, а нослтел -организатор Здружение Љубители на литература, култура и наука „Св. Висарион“ Демир Хисар Манифестација која остави силни трајни впечатоци.

Тоа беше вистински поетски натпревар, кој побрзо да настапи, кој посилно да го разнесе својот поетски милузвучен збор, стих и песна. А љубезните домаќини, беа восхитени и возбудени... Ова манифестација успешна не потсети на нашата ТВ емисија „Силата, моќта и љубезноста на Света Богородица,“ Успешна Документарна ТВ емисија, посветена на манастирот и света Богородица.. Емисијата е снимена само за еден ден, од неколку часови, без одмор.
Тоа беше, ТВ документарна емисија со д-р Драган Јовановски. Тој ден со нас ја чуствуваме силата на Света Богородица. Снимавме на ова свето место кај манастирската црква. Екипата од ТВ БОЕМ беше неуморна и со успех го следеше нашето сценарио... Мислите и сцените течеа по професионален тек, со длабоки мисли и сценски текови... Емисија која со љубов ја следат Македонците во Македонија и низ светот до каде има Македонци...
И оваа поетска манифестација, со оваа книга останува вечна низ времињата.
Манифестацијата се одвиваше како музика, како сифонија, со поетски акорди под ведро небо, будното водство на мудрите, милозвучни водителки Биљана Солунчевска и Мери Арсовска.
Манифестацијата се одвиваше по нивното осмислено сценарио. Се одеше во прилог на светот на поезијата со македонска ѕвезда Игор Џамбазов.
Почетокот беше фантастиечен, неопислив поетесата Мери, со нејзиниот кристален глас и самата песна посветена на Света Богородица, палењето на свеќа, поклонувањето и молењето пред иконата Света Богородица, публиката ја крена на нозе, со бурни аплаузи оваа сцена беше наградена... Билјана со својата песна за Света Богородица се надоврза и сценариото продолжи, појавата на Игор Џамбазов ја возбуди и разбрани публиката.
Виолета Секоска на старомакедонски пред црквата и пред икната потече црковна беседа...Восхит и аплаузии...И се така од возбуда во возбуда... Марија од Прилеп, Македонка од Скопје, Марија Николоска од Кичево, Мирко од Охрид, Елена од Битола ја возвишија и воспееја Македонија во една заедничка песна .Родољубивите песни сде со друга се надоврзуваа и создадое епска поголема песна-поема -„Од љубов со љубов за Македонија“....Се нижеа и љубовни и други видови песни, и секоја имаше одблеснуваше како ѕвезда. И се создаваше поетско соѕвездие над Демирхисарската котлина. 
Тоа беше незаборавна поетска манифестација, незаборавен ден и ноќ каде што поетската душа победува остана вечно да се памети. И манастирот закитен со сонце, а потоа со ѕвезди, до вечерта. И мирните бранови од бисерното езеро ги чуваат гласовите длабоко во пределот на далгите. Низ песокта под водите, низ птиците кон екот, низ цветовите од ливадите и така до небесата. До бескрајот на ѕвездените простори по залезот на сонцето.












Мacedonian timeline

Comments