СЕ ПРОМОВИРАА КНИГИТЕ НА ЉУБИЦА ПОПОВСКА И НОВЕ МЛАДЕНОВСКИ ВО МЕЛБУРН


Низ убавите стихови за Битола, за Турунџев, Ѓорѓи Сугарев, и пeсните за деца, на 19 септември во просториите на библиотеката во Thomastown, А.М.Л.Д „Браќа Миладиновци“ ги промовираше стихозбирките Битола Бабам Битола и Пролет во мојата душа, на поетесата Љубица Поповска. Осврт кон двете збирки даде Виолета Јовановска а рецитатори беа Гордана Димовска, Трајан Цветаноски, Иванка Петровска, Стеван Ацески, Љубинка Лазаревска, Шаана Јовановска, ученичките Јулијана Гроздановска, Татијана Гроздановска, Клаудија Гроздановска.


 На промоцијата учество зеде и музичкиот гостин Марјан Васковски кој на хармоника изведе неколку песни за Битола. Гости беа и членовите на женската играорна група Весели Македонки кои неуморно работаат на зачувување на македонската традиција преку убавите фолклорни мотиви, носијата, и секако македонското оро.
После оваа промоција во Мrnda village community hall, А.М.Л.Д “Браќа Миладиновци“ ја одржа и промоцијата на најновата книга од Нове Младеновски „Одблесоци од вечноста“.
Гордана Димовска пред почетокот на промоцијата даде осврт за значењето од издавање на литературни дела во дијаспората, како и потребата од зачувување и негување на јазикот преку песните, расказите и сите видови литература.
Промотор беше професорката Мирјана Симјановска која одлично го презентира делото на Нове Младеновски, вклучувајќи и цитати од истото.
Авторот во своето излагање ги повика присутните да постават прашања на темата која ја обработува во книгата.
На крајот не изостана ни убавата храна и пијалоци а литературното друштво ги изненади Љубица Поповска и Нове Младеновски со врачување на специјално изработена плакета со посвета.

Извадок од излагањето на Љубица:
Излагање на Љубица Поповска
„Пред се да се заблагодарам на Литературното друштво и на инцијативата на Претседателката Гордана Димовска да се одржи промоција на моите две збирки поезија издадени во март оваа година и тоа "Битола бабам Битола" и "Пролет во мојата душа",а исто така и на Виолета Јовановска која прифати да ми биде промотор.
Благодарност до оние кои прифатија да ги читаат моите песни,како и на посетителите кои ме почестија со своето присуство.
А што да кажам за мене? Поезијата е моја радост,моја воздишка,моја визија и утеха. Читајќи доста книги, поезијата ми се наметна сама по себе и ме зароби во нејзините волшебни предели. Спонтано се јави и желбата и потребата да почнам да пишувам.Почнав со стиховите
   На рекичка мала една
   лежи стара воденица вредна
   и си меле житце
   еве вака :тика-така,тика-така.
Ќе речам само едно: Сакајте ја песната-поезијата,таа е провев и храна за душата.

Благодарност до Игор Павловски за објавуванјето на промоцијата во весниците"Тoday" и"Аustralian Macedonian Weekly"
Благодарност до Марија,раководител на Библиотеката во Томастон
Благодарност до Дијана Стерјовска од Македонската добротворна организација во Викторија
Благодарност до фимилијата Гроздановски и наставничката Весна Дамчевска.
Благодарност до фолкорната група "Весели Македонки" и исто така голема благодарност до блогот"Македонски времеплов"






Comments